Во 1923 Френк Хејс имал само 22 години и кратка кариера на џокеј. Претходно работел како помошник во коњушара и добро ги познавал животните. Посебно му бил драг коњот Свит кис чиј сопственик била госпоѓата А. М. Фрејлинг. Таа го ангажирала Хејс за трка која се одржала на 4 јуни истата година на стаза во паркот Белмонт во Њујорк. Но за да се кандидира за трка тој морал за кратко време да ослабе, од 64 на 59 килограми.
Успеал во тоа, но по која цена? Јавајќи на Слаткиот бакнеж, коњ кој бил тотален аутсајдер со шанси за победа 20:1, тој дал сè од себе и сосема неочекувано на целта стигнал прв. Но неговата состојба не била очигледна, сè додека сопственичката и организаторите на трката не му пристапиле да му честитаат. Тогаш Хејс паднал од коњот, а повиканиот доктор можел само да констатира смрт, од срцев удар.
И покрај овој „детал“, организаторот го прогласил резултатот за официјален. Хејс бил погребан три дена подоцна, во својата тркачка униформа. Коњот никогаш веќе не се натпреварувал, а легендата вели дека од тогаш неговиот прекар гласел „Сладок бакнеж на смртта“.