Мажите на возраст од 40 до 49 години во просек ги трчале маратоните (42 километри) за 4 часа и 17 минути. Кај жените од оваа генерација просекот обично е под границата од 5 часа.
И во двата случаи четириеските биле побрзи од маратонците и маратонките на возраст меѓу 20 и 29 години, првите во просек за 2 минути, вторите за 1 една минута.
Подлабока анализа на бројките од Страва покажува дека разликата се должи чисто на тоа што „старките“ имале поголема километража на тренинг. Па постарите трчачи неделно во просек трчале по 45 километри во 3-те месеци пред трката, додека младите натпреварувачи биле со просек од 38 истрчани километри неделно.
Од друга страна, ветерани маратонци, како 59-годишниот Ричард Асквит, авторот на „Feet in the Clouds“, разликата меѓу генерациите ја објаснуваат со нивниот менталитет.
„Твојата перцепција за време се менува со текот на годините. Стануваш многу потрпелив за време на тренинзите и на трките... наместо да стравуваш за далечината, ти трчаш со многу по опуштена состојба на умот,“ објаснува Асквит.
Друг автор, Вајбар Криган-Рид (50-годишен), тврди дека иако 20-годишниците имаат посилни коски и поголема мускулна маса, ним им недостасува искуство и издржливост, меѓутоа се сомнева дека 40-годишниците повеќе вежбаат, туку „е многу поверојатно дека човек на 40 години ќе го следи своето вежбање со апликација.“