Таг: маратон

Од маратоните си патиме

Во САД се организираат 1.100 маратонски трки годишно. Студија што ги споредува бројките на маратони и смртоносни срцеви удари, покажува дека секој пат кога се случувале првите растел бројот на вторите.

Кој вика дека на 85 години битна е само пензијата

На 85 години години човек да стои 3 часа и 56 минути ќе папса, а за Ед Вајтлок тоа е време предвидено за трчање кое му донесе нов светски рекорд на маратонот во Торонто во категоријата од 85 до 90 години. Па уште и си стои најнормално по завршувањето на целта, каков цар. Инаку патиките ги носи преку 20 години.

Етиопиецот се огласи од САД

Фејиса Лилеса, сребрениот маратонец од Олимписките игри во Рио кој ја мина целта со знакот Х со рацете за да укаже на прогоноството со кое се соочува неговиот народ Оромо, вели дека проблемите се далеку од решени иако целиот свет сега знае што се случува во Етиопија.

Етиопиецот не се вратил дома, ќе бара азил во САД

И покрај гаранциите од етиопските власти дека на бунтовниот сребрен медал од Рио „нема да му фали ниту влакно од глава“ кога ќе си дојде дома, маратонецот Фејиса Лилеса уште не се вратил во Етиопија.

Мистериозната смрт на славниот маратонец од Пекинг 2008

Од прашливите патеки во сиромашната Кенија, Самуел Ванџиру стана најмладиот олимписки рекордер во историјата. За жал не можел да се носи со славата и притисокот на златниот медал и брзо се пропил. Животот го завршува трагично а зад себе остави многу прашања без одговор.

Лејла, Лили и Лина

Не се секирајте не гледате тродупло. Ова е триото кое стигна до Рио. Првите три близначки во историјата кои ќе настапат на Олимпијада и за кои почнаа шеги меѓу фановите околу тоа како ќе ги разликуваат кога ќе стигнат на финишот од трката.

Девојката која победи на пеколниот маратон во Сахара

Marathon des Sables важи за еден од најтешките ултрамаратони на планетата. Во шест дена се трчаат 251 километар по Сахара. Женскиот маратон годинава го освои Русинката Наталија Седих, фитнес тренер од Перм која живее во Дубаи.

Марихуанска Олимпијада

Лани во еден а годинава во повеќе градови во САД се одржуваат спортски натпревари на уживатели на канабис. "Умереност во сè освен во потење," е слоганот на Олимпијадата во кој после трката, на маратонците им се нуди гага пиво.  

Лудиот Ирец и неправдата на Игрите во Атина 2004

Еден од најдобрите бразилски маратонци во историјата, Вандерлеи Де Лима ќе ја памети Атина додека е жив, но поради лудиот Ирец кој не му дозволи да стигне до златниот медал.

Четиридневно маратонско читање на „Војна и мир"

Пред некое време известивме за маратонско читање на сите 18.225 стихови од „Илијадата" со 66 актери во Лондон. Сега Русите го возвраќаат книжевниот удар.

Кениец од публика лажирал второ место на маратон

Џулиус Енџогу е обвинет дека се сокрил меѓу публиката и дури на крајот ја продолжил 42-километарската трка во Наироби каде го освоил второто место за кое добил 7.000 долари. Во финишот го откриле дека воопшто не трчал.

Првиот човек што истрча маратон без да зборува за тоа

Во потег без преседан, цел маратон и цели припреми за него една жена ги има завршено без за тоа да му спомне на секое можно човечко суштество што го познава.

Кога фудбалот станува маратон

Минатиот викенд во САД играа Њу Ингланд и Хјустон. Мечот започнал во 20:30 по локално време а завршил во 12:25 следното претпладне. Ние избунаривме кои се најдолгите фудбалски натпревари.

Кинескиот Форест Гамп ќе трча 100 дена по ред

„Кога победив за прв пат, во хотел ме пречекаа со националното знаме и тоа ме трогна и ме мотивираше“, вели Чен, прв кој трчал на ултра маратони во седум континенти.

Срушен светскиот рекорд во маратонско трчање

На денешниот атлетски митинг во Берлин, Кениецот Денис Кимето со најбрзо време мина низ целта и постави нов рекод. Кимето славеше и на претходните митинзи во Токио и Бостон.

Дали Џо Страмер навистина трчал маратон?

Спортот изгледа како нешто кое не може да биде поспротивно од панкот, и како идеја и како практика. Дисциплината и физичката подготвеност која ја подразбира трчањето маратон, пак, никако не ни одат нога пред нога со ликот и делото на Џо Страмер. А можеби цело време тука некој лажел.

Фрижидерот кој трча маратони

На Скопскиот маратон видовме многу интересни ликови кои ги освоија аплаузите и симпатиите од публиката, но на нашите улици сè уште не сме виделе маратонец со фрижидер на грбот. Да, има и таков.

Жената која ја промени историјата на маратоните

Една од најпознатите трки на светот, маратонот во Бостон, 70 години бил трка на мажи. Во 1967-та година една девојка „упадна" на маратонот, го избегна нападот од директорот на трката и ја промени историјата на маратонското трчање.

Фотографијата која го одбележа маратонот во Бостон

Една година по бомбашките напади, маратонците се вратија на улиците на Бостон. Победи натурализираниот Американец од Еритреја, Меб Кефлезиги, а една фотографија од близината на целта ја врати вербата во човештвото.

Феноменот на племето Каленџин

Доминацијата на атлетичарите од Африка веќе долги години е предмет на научни истражувања, а едно такво истражување се фокусира на овој феномен и едно племе од Кенија.

Пеколот на трчање маратон

Без разлика колку позитивно делува физичката активност, човековото тело во никој случај не е предвидено да може да истрча 42 километри без престан. Подвигот на трчање маратон доаѓа по цена на зијан на речиси цело тело.

5.000 маратонци го утнале патот

За да истрчате маратон не е потребна сателитска навигација, но организаторите на еден маратон би можеле да им делат следната година на натпреварувачите затоа што само победникот ја истрчал целата патека, а сите останати скршнале на погрешна улица и истрчале 264 метри помалку.

Најтешката трка на планетата

Некои ги нарекуваат натпреварувачи, а некои нарекуваат лудаци. Тоа се учесниците на маратонот во Сахара - најтешката трка на планетата во која „лудаците" трчаат 250 километри во јужниот дел на Мароко.

Бостон доби солидарност од најголемите ривали

По терористичкиот напад на маратонот во Бостон, пред почетокот на сите спортски манифестации екипите оддадоа почит со едноминутен молк, но некои ја искажаа својата солидарност и на поинаков начин.