Девојката која победи на пеколниот маратон во Сахара

Marathon des Sables важи за еден од најтешките ултрамаратони на планетата. Во шест дена се трчаат 251 километар по Сахара. Женскиот маратон годинава го освои Русинката Наталија Седих, фитнес тренер од Перм која живее во Дубаи.

251 километар по пеколни горештини
 
Кога екстремно тешко делува маратонот на 42 километри на кои редовно победуваат маратонци од Етиопија и Кенија, се обидуваме да замислиме како воопшто изгледа еден ултрамаратон кој изнесува 251 километар по најтешки услови.
„Со Marathon des Sables се запознав случајно. Еден мој другар, кој знаеше дека се занимавам со трчање ме праша: да ја трчаме Сахара? 250 километри низ пустина, права екстрема, што велиш? Мислев дека се шегува и му реков: Не, фала, не сум заинтересирана. Но тој беше упорен и почнавме да гледаме на Интернет. На крајот решив да одам“, ја започнува својата приказна Наталија Седих.
Регистрацијата и пријавувањето одат многу порано, така што на пример за 2017 мора да се пријавувате со месеци однапред. Маратон дес Саблес е голем комерцијален проект. Ова неофицијално натпреварување има голем награден фонд. Секој натпреварувач мора да уплати стартен износ од 3.100 евра.

„За опрема, трансфер до Париз, виза и пропратните трошоци ви требаат околу 4.000 евра. Еден учесник ми кажа дека потрошил 10.000 евра, но нашол спонзори кои му помогнале. И мене ми помогнаа пријатели, учесници на минатогодишниот маратон, инвеститорот од Перм Дмитри Кирилов, раководителот на школата I love running Dubai.", продолжува Наталија.

Просечна возраст

Според статистиката во просек трчаат луѓе од 40 до 50 години. Некој сака да си приушти необична авантура, а некој пак сака да реши финансиски прашања.

Лидери во донациите се спонзорите, а учество на Marathon des Sables не им е дозволено на професионални маратонци поради ризик да го нарушат спортското здравје кое би можело да им влијае врз понатамошната кариера. На ултра маратонот низ Сахара не станува збор толку за спортски достигнувања, колку за ширење на свеста, отворање на нови граници. Се појавуваат луѓе со протези на раце или нозе, кратковидни и со разни проблеми кои се натпреваруваат сами или со помош на волонтери.

„Најстариот учесник имаше 80 години и изгледаше сјајно“.

„Како мала бев слаба и склона на повреди. На 16 години самостојно решив да се занимавам со атлетика. Кога ги исполнив сите норми за професионално да трчам, ми се јавија проблеми со повреди на Ахиловата тетива која е сложена повреда. Сепак бев решена да го остварам сонот и со тренерот се подготвував за големите натпреварувања", вели Наталија Седих.

По долги напори со повредата, Наталија решила да се обрати кај докторот Владимир Нечаев од Москва кој на времето бил главен лекар на руската маратон репрезентација. Докторот ми го кажа износот и времето на терапија. Требала да плати околу 50-60.000 рубљи а за неа тоа пред три години било многу.

„Си ветив дека за една година ќе заработам и ќе се вратам во болницата. Се вратив во Перм и почнав да работа. По една година заштедив доволно и уплатив за целосен третман. Докторот ме врати на патеките и по освојувањето на Маратонот во Сахара сакам да одам и да му се заблагодарам", додава руската маратонка.

Нова тешкотија во подвигот биле пеколните горештини. Наталија е од Перм, град и област во која годишно само неколку дена има сонце, но не и топло лето. Тоа значи дека нејзиниот организам би можел брзо да дехидрира во сувата Сахара.

„Пиев многу течности, изотоници, таблети за да ја одржам рамнотежата со електролити. Немав посебни подготовки за топлината. Одлучив на лице место да се занимавам со тоа. Минатата година кога првпат учествував на Маратон дес Саблес дојдов директно од Перм и трчав нормално", појаснува симпатичната Наталија.

Правила

Големината на ранецот неопходно е да биде во склад со правилата кои ги напишаа организаторите. Се проверува што имате во ранецот пред почеток на трката.

„Организаторите се Французи и Британци и не им беше драго да победи Русинка. Ме тестираа после секоја рунда (има вкупно 6 рунди), а секој натпреварувач мора да го покаже ранецот во посебен шатор за тестирање".

Кога сфатиле дека сè е во ред почнале да ѝ поставуваат прашања: Што јадеш? Како готвиш ако немаш вода за тоа? Како ја загреваш водата? Имаш ли четка за заби? Ќе ни ја покажеш ли? Тоа како да ја мотивирало Наталија уште повеќе.

Отровни шкорпии

Освен страшните горештини, голем проблем претставува и ризикот од шкорпии и тарантули, па секој натпреварувач меѓу другото мора да носи и посебен шприц за антисептик (противотров). Генерално секој од нив изјавил дека видел мали гуштери и змии, но не и шкорпии. Најчесто се јаде варена, готвена, полесна храна која што нема да ја забавува работата на метаболизмот како што ја забавува масна храна. Тоа можеби не им е вкусно за 6 дена на натпреварувачите, но е хранливо.

Трката

Годинава имало 1.200 учесници од кои околу 200 жени. Трката е поделена на однапред познати фази. Имаме логор од кои тргнуваме. Постои roadbook каде што пишува кој води денес, колку е истрчано денес, колку се трча утре. Има чипови со кои се мери времето а потоа го сумираат. Има и карта каде што е означено каде е пат, каде има камења, каде е повисоко и мора да се качувате.

Стартот и финишот се во кампот. Што порано стигнеш до кампот, тоа повеќе време за одмор имаш. Таму имаш дебела сенка, тепих на песокот. Мештаните на Мароко закачуваат два стапа, повлекуваат ткаенина одозгора, а долу ставаат волнен тепих кој наводно ги одбивал инсектите и шкорпиите.

На Маратонот во Сахара има ограничувања на количеството на вода која што ви ја даваат и изнесува отприлика 9 литри вода дневно. Наутро се будиме, доаѓа автомобил, ни дава вода во шишиња и потпишуваме дека сме земале, затоа што постојат големи казни ако земете повеќе од останатите. Туширање и капење е фантазија, понекогаш може само да се одмиете со вода за да ја отстраните солта или прашината. Редовоно се јавуваат рани, пликови и гребнатини кои ја отежнуваат ситуацијата. Во принцип вие самите бирате за што ќе ја користите водата.

Организаторот има обезбедно добра медицинска нега. Над вас постојано летаат хеликоптери, а на патеката проаѓаат и возила од каде докторите прашуваат дали сте добро. Ако имате рана или повреда веднаш ви помагаат.

Последната етапа е воедно и најтешка затоа што размислувате за финишот. Се трча на рамна површина, но има моменти и кога останувате речиси без вода и едвај чекате да стигнете до контролниот пункт. Конкуренција на Наталија на крајот ѝ била Французинката Муклер која што го забавила темпото и победата ја однела Русинката, а втора завршила натпреварувачка од Кина.

Кога се вратила во цивилизацијата и секојдневниот живот, ѝ требале неколку дена да се опорави од страшните напори.

„На Маратонот живеете во друг свет. Без телефон, без компјутери, без информации за надворешниот свет. Кога отворив WhatsApp имав 760 непрочитани пораки, 100 покани за пријателство на Фејсбук и 100 пораки. Ми требаше цела недела да ги прочитам сите и да одговорам. Вредеше трудот и покрај страшните напори и мислам дека би одела пак“, констатира хероината Наталија Седик.

Заклучот на хероината од Русија е:

„Мое гледиште за животот е дека - треба да сфатите дека ништо не е тешко и сè е можно. Колку и да ви изгледа нешто тешко, секогаш треба да знаете дека има и полошо. Ако го гледате маратонот од страна - тешко е, но ете јас ја освоив една од најтешките трки на планетата.“

3 мај 2016 - 11:22