Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, за време на посетата на Доха, побарал од катарскиот премиер новинската мрежа Ал-Џезира „да го стиши малку“ покривањето на војната во Израел.
Гркинката Ева Кали инспиративно говореше како спортската дипломатија довела до историски промени во Катар. Сега е уапсена за корупција и перење пари поврзани со Катар. Дека е убава - убава е. Ама и дека лакома - лакома е. Дури и нашата капитулација да си го смениме името ѝ беше малку.
На многумина им делува чудно што марокански фудбалери се сликаат со знамето на Палестина, а мароканските навивачи скандираат пароли и за Палестина. Толку западниот меинстрим го познава арапскиот свет и фактот колку Палестина е симбол за непокор и анти-колонијален стремеж.
Еквадор испиша историја и стана прва селекција која успеала да слави над домаќинот на отворањето на Светско. Еквадорски навивач провоцираше на трибина домашен навивач, веројатно кажувајќи му дека победа со пари не се купува.
Еквадор славеше 2:0 против домаќинот Катар на првиот меч на Мундијалот. Соиграчот на Алиоски од Фенербахче, Енер Валенсија постигна хет-трик, ама еден гол му беше оправдано поништен со ВАР. На социјалните мрежи се крена голема галама дека бил регуларен.
Екипа на данската ТВ2 е во Катар по повод Мундијалот и снима на улица. Па и не снима нешто посебно туку во живо се вклучува во вестите на својата телевизија за да даде репортажа на неколку дена пред почетокот на Светското. Од никаде никнуваат тројца катарски службеници кои некако мислат дека ќе организираш Светско во фудбал без камери на улица и странски новинари.
Европскиот предлог за ограничување на цената што се плаќа за природниот гас е „дволичен“ а мешањето во работата на парите е спротивно со правилата за конкуренција што ги има самата Европска унија, е пораката од Доха за Брисел.
Држави со големи залихи на природен гас се понудија да и помогнат на Европа во енергетската криза, меѓутоа за кратко време и двете страни си потврдија дека нивната желба е далеку поголема од можностите.
Идејата за Мундијал на секои две години со која би се обесмислила дражта и убавината на Светско првенство, за некое чудо проистекнува од еден од најголемите борци за правда и спортско витештво, Французинот Арсен Венгер.
Пред неколку дена американскиот претседател по телефон му се заблагодари на емирот на Катар, Тамим бин Хамад ал Тани, за беспоштедната поддршка што ја даде за време на евакуацијата од Авганистан. И ова не е прв пат други држави да се заблагодаруваат на Катар за помош околу талибанците.
Буалем Кухи има 30 години, роден е во Алжир но игра за репрезентацијата на Катар. Настапува за клубот Ал Саад, а во кариерата сменил неколку позиции. Од крило во среден ред сега е стопер. Пазете го голот што го дал денес.
Катар викендов беше домаќин на ИТФ турнир од оние пониско рангираните каде паричниот фонд изнесува 15.000 долари. Сè е тоа во ред и треба да постојат и такви за да стекнат искуство помладите, ама кој ли го пуштил тука Украинецов Артем Бахмет?
Во тек е најстариот турнир за репрезентации на свет - Копа Америка 2019, издание кое летово се игра во Бразил и каде дојдоа две селекции кои како да бодат очи кога ќе се спомене Јужна Америка а тие не се од таму.
Британскиот државјанин Али Иса Ахмад бил задржан во полиција во Обединети Арапски Емирати поради тоа што се прошетал со дрес на Катар, селекција која го освои штотуку завршениот Азиски Куп на нации.
Катарците направија сензација откако стигнаа до финалето на Азискиот Куп на нации, прво историско за нив. А таму попладнево играат против Јапонија и после 45 минути водат 0:2. Првиот гол на Али Алмоез од клубот Ал-Духаил беше неверојатен, а ни вториот на Абдулазиз Хатим не беше ништо послаб:
Азискиот Куп на нации многу се следи во тој дел од светот. Се стигна до финалето каде ќе играат Јапонија и Катар. Во историскиот успех на Катарците верувал легендарниот Чави кој веќе четврта сезона игра за Ал Сад во катарското првенство.
Селекцијата на Катар е на прагот на историски пласман во големото финале на Азискиот Куп на нации откако води со 2-0 против домаќинот на турнирот Обединети Арапски Емирати. Само што Алмоез го постигна вториот гол за Катарците, следуваше дожд од чевли од трибините.
Пред гинеколошки центар во Катар осамнаа 14 огромни скулптури на матки со фетуси во различни фази на развој. Истите оние кои пред неколку години беа покриени заради реакции од јавноста.
На „Азади“ стадионот во Техеран на мечот Персполис (Иран) - Ал Сад (Катар) се регистрирани повеќе од 100.000 гледачи. Двата клуба го играат реваншот од полуфиналето во азиската Лига на шампиони. Првиот меч го добиле Иранците, а Катарците водат по 25 минути игра во првиот дел.
Откако комплетно го изолираа Катар (до таму што имаат намера и од полуостров да го претворат во остров), Саудијците одлучија на комшиите да им го забранат и пристапот до Мека.
Британски медиуми објавуваат протечени мејлови според кои Катар ангажирал пи-ар агенција и поранешни агенти за ЦИА со цел ширење на лажна пропаганда за главните конкуренти за организирање на Мундијалот во 2022, САД и Австралија.