Копа Америка, во ’80-те години од минатиот век била второстепен турнир што никој не го занимал во Јужна Америка. Во 1986-та година компанијата Traffic Sports ги откупила комерциските права на Копа и тоа бил клучен момент во историјата на турнирот.
Компанијата заработила од тв права и работела на зголемување на популарноста на Copa. Помислиле и да го зголемат бројот на учесници на турнирот, но во КОНМЕБОЛ има 10 земји, така што им фалеле уште репрезентации за да ги организираат групите.
Идејата за проширување се реализирала на почетокот на ’90-те години, кога чиновниците на КОНМЕБОЛ (Јужно-аемриканска фудбалска федерација) приметиле дека популарноста стрмно опаѓа. На Копа Америка 1993 година ги викнале репрезентациите на Мексико и САД од соседната федерација КОНКАКАФ. Тоа никому не му се допадналo, а најгласен бил Марадона:
„Копа Америка е уникатен турнир и не треба сега да го правиме светско првенство“, рекол Диео во 1993-та.
Но идејата заживеала: рејтингот на Копа се зголемил најмногу за последните години, и од тогаш минимум една селекција гостин од друг континент добива покана за Копа Америка. По правило ги поканувале селекциите од КОНКАКАФ поради географската блискост. Најмногу од сите е покануван Мексико кој првпат играл на Копа Америка во 1993-та година и учествувал на десет изданија по ред. Мексико веќе го сметаат за „нивен“.
Втора селекција од надвор по учества на Копа Америка е репрезентацијата на САД: Во 1993-та Американците дошле да се спремаат за Светското 94 кај нив. Во 1997-ма на Копа Америка дошла и Костарика (подоцна учествуваше уште три пати). Во 1999-та Јапонија за првпат заигра на Копа, а во 2001-ва Хондурас.
Во 2001 година се планирало дебито на Канада, но тие во последен момент откажале. Тоа била најризична Копа Америка затоа што земјата домаќин Колумбија не можела да гарантира безбедност за сите селекции, па Аргентина и Канада во последен момент откажале учество. Наместо нив дошле Костарика и Хондурас а Канада веќе не дошла на идеја да игра на Копа Америка.
Уште еден отказ се случил во 2001-ва кога репрезентацијата на Јапонија го откажа учеството поради огромно цунами и земјотрес кој се случи недалеку од Токио во март таа година.
ВО 1993-ТА ЗЕМЈА ГОСТИН СТИГНА ДО ФИНАЛЕ
Учесниците кои не се од Јужна Америка секогаш носат со себе ТВ аудиториум, пробуваат нови играчи и се загреваат за евентуален Мундијал.
Организаторите на Копа Америка сметаат дека гостинските селекции играат улога на статисти и не доаѓаат со главните ѕвезди, често не проаѓаат ни групи (со исклучок на Мексико кој секогаш и секаде игра борбено), но се случувале и чуда.
На Копа Америка 1993-та Мексико одигра генијален турнир: на почеток помина групна фаза со Аргентина и Колумбија, а потоа после ремито без голови со Боливија, на пенали се најде во полуфиналето. Стигнаа дури до финале, а таму не можеа ништо против Аргентина на Батистута.
На Копа Америка 1995 синхроно до плејофот стигнаа и САД и Мексико (Американците како први во својата група а Мексико стана најдобар третопласиран). Се сретнаа меѓу себе во 1/4 финале. Тогаш нивниот меч го следеле околу 6.500 гледачи за разлика од другите четвртфинални парови каде имало преку 20-30.000 гледачи.
КОПА 2019 ИМАШЕ ПРОБЛЕМИ СО УЧЕСНИЦИ
Во 2019-та организаторите повторно сакаа како и во 2016-та да направат позитивен обид. Пред три години турнирот се играше во САД и имаше шест гостински селекции - САД, Мексико, Костарика, Панама, Јамајка и Хаити. До четвртфинале стигнаа само САД и Мекиско, но 16 учесници вкупно овозможија да се игра групен турнир со четири групи.
Годинава организаторите имаа проблем. Летово 2019 се играат многу топ-турнири. Во јуни и јули се играат квалификации за Европско 2020, финале на Лига на нации, КОНКАКАФ Куп и Куп на Африка. Поради сево ова слободни селекции практично не останале за покана.
Уште есента 2017 организаторите на Копа Америка првпат поканиле европски селекции - Шпанија и Португалија, но преговорите прекнале зошто Португалија стигна до финалето на Лига на нации кое подоцна го освои а Шпанците одбиле поради пребукираност.
Мексико решил дека приоритет им е Голд Куп, односнот Купот на КОНКАКАФ (за земјите од Северна и Централна Америка и карипскиот басен). Мексиканската федерација предложила алтернатива - да прати на Копа Америка втор состав без главниот селектор. Тоа не им се допаднало на организаторите.
„Дури и првиот нивен состав тешко ќе игра со Аргентина и Бразил, а како ли би било да викнат дублери без селекторот“?, рекле од КОНМЕБОЛ.
Од исти причини на Копа Америка не дошла ни САД. Организаторите размислувале за африкански репрезентации, но таму на 21 јуни почнува Купот на Африка.
Единствено слободна им останала Азија.
НА КОПА АМЕРИКА ДОЈДОА ЈАПОНИЈА И КАТАР, КАТАРЦИТЕ ВЕЌЕ ПОКАЖАА ПРЕУБАВ ФУДБАЛ
На Копа Америка 2019 играат Јапонија и Катар, селекции кои се сретнаа во финалето на Купот на Азија 2019 (Катар победи со 3:1).
За Јапонците ова е второ учество на Копа Америка. Во 1999-та тие станаа првата азиска селекција во историјата на овој турнир. Тогаш Јапоницте имале 2 порази, реми со Парагвај и последно место во групата.
Сега и Катар и Јапонија имаат сериозни мотивации да се докажат на друг континент.
Во летото 2020 во Јапонија ќе има Олимпијада, а за фудбалската репрезентација на оваа земја овој турнир ќе биде практично генерална проба. Јапонците имаат неколку перспективни фудбалери меѓу кои и младиот феномен Такефуса Кубо кој пред неколку дена премина во Реал Мадрид иако порано беше во академијата на Барса.
Репрезентацијата на Катар првпат доаѓа на Копа Америка но со голема цел, да се спреми за Светското првенство во фудбал 2022.