Дисциплинската комисија на Турската фудбалска федерација суспендираше дури 149 судии, мераклии на кладеле.
Опфатени се периоди од 8 до 12 месеци во кои ја извалкале играта, истите тие луѓе кои треба да ја држат чиста, а против тројца сè уште се водат постапти.
Истрагата на ТФФ покажала дека од 571 судија кои имаат лиценци за судење натпревари во турските професионални лиги, дури 371 имаат отворени сметки за кладење, а 152 активно се кладат.
Од судиите вклучени во овој голем скандал, 22 (7 главни судии и 15 линиски судии) суделе натпревари во турската прва лига.
„Судењето е чесна професија и секој што ја оцрнува таа чест никогаш повеќе нема да биде дел од турскиот фудбал“, се закани претседателот на ТФФ, Ибрахим Хаџиосманоглу.
ТФФ додаде дека 10 судии се кладеле повеќе од по 10.000 пати секој, додека бројот на оние кои се кладеле по најмалку 1.000 пати е 42.
Рекордер е еден судија кој замислете, има направено 18.227 уплати само на натпревари кои тој ги судел.
Имаме позната поговорка: „Кога се користи оружје, честа е расипана“. Откако се појави прашањето, кое се дискутираше со години, со години дебатиравме за степенот на корупција и неморал во турскиот фудбал. Затоа, тргнавме на ова патување, почнувајќи од себе како федерација, работејќи со институциите,“ вели Хаџиосманоглу.
Претседателот на Турската фудбалска федерација ги информирал ФИФА и УЕФА за овие проблеми.
Прашање до махерите: Сте фатиле пари на турски натпревари?