- Шведскиот малку познат клуб Мјелби е најголем хит во европскиот фудбал откако пред неколку недели ја освои шампионската титула во оваа земја, во која фудбалската сезона има поинаков календар од другите земји.
- Даниел Ивановски, некогашниот репрезентативец на Македонија е роден во Македонска Каменица пред 42 години. Тој играше во својот матичен клуб во родниот град, па потоа во кратовски Силекс и стигна до Вардар.
- Ивановски кој играше во одбраната имаше понуди и од Динамо Загреб каде ги завршил сите медицински прегледи но поради разни околности и сплеткарења во управата, трансферот му пропаднал.
- Тој подоцна отиде во Мјелби кој во тоа време бил второлигаш и никој ниту на сон не мислел дека еден ден ќе стане шампион во силната Алсвенска лига. Даниел Ивановски играл со Мјелби и во втора и во трета лига и со 150 настапи е права легенда на клубот.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.