„Слободниот пазар секогаш е најдоброто решение,“ порачува катарскиот министер за енергетика Саад ал Кааби.
Неговото објаснување е дека ограничувањето на цената го намалува стимулот за инвестирање во производствените капацитети за гас, а во исто време ќе остави некои од муштериите без гас, затоа што други увозници би можеле да понудат повисока цена од Европа (пример Кина или Индија).
Катар претходно вети дека ќе се воздржи од пренасочување на своите пратки гас од Европа кон други пазари, иако по договор смее да го направи тоа. Тоа што Ал Кааби ги потсетува Европејците е дека Катар тоа го прави на сопствена волја „но ништо не е трајно и имаме право што сакаме да правиме со нашите пратки“:
„Но сме дале ветување и ќе се држиме до тоа на одредено време. Кога ќе биде прикладно за нас да ги пренасочиме пратките, ќе го направиме тоа.“
ЕУ и Германија и до сега се обидуваат да го притиснат Катар да произведува и да им испорачува поголеми количини гас, што е главно неизводливо бидејќи Катар со години произведува над капацитетите на својата инфраструктура за вадење гас.