Таг: природен гас

Тешко дека може и ограничување на цената на гасот и гас од Катар

Европскиот предлог за ограничување на цената што се плаќа за природниот гас е „дволичен“ а мешањето во работата на парите е спротивно со правилата за конкуренција што ги има самата Европска унија, е пораката од Доха за Брисел.

Европа ја извезува енергетската криза кај најсиромашните

Зависничката потрага на ЕУ по природен гас по секоја цена низ светот колку толку ја извади Унијата, ама предизвика сериозна болка кај сè што е сиромашно и не може да им парира со пари.

Франција ќе се спасува со Јемен

Франција одлучи да испрати дополнителни сили од Легијата на странци за да ги заштити своите погони за природен гас во Јемен, ем за некој друг да не се подаде по нив, ем за да не дремат така неискористени.

Сонот на ЕУ за азербејџански гас ќе се прекршува во Нагорно-Карабах

По правење секакви отстапки околу човекови права, медиуми, војна на соседни држави, и поскапи цени на енергенси, ЕУ на крај сепак потпиша договор со Азербејџан кој треба да биде каква таква замена за руските енергенси. Деновие и таму од ведро небо се припука.

Маните на европскиот план за штедење гас

На 26 јули министрите за енергетика на членките на ЕУ на итен состанок речиси инстантно се согласија околу договорот за кратење на потрошувачката на гас, според кој секоја држава ќе ја намали потрошувачката за 15% во споредба со 5-годишниот просек. И ова нема да го реши проблемот.

Германците живееја во сон

Енергетската политика на Германците беше фантазија, пишува Економист.

Околу турбината што ја остави ЕУ без гас

Сервисирањето на Северен тек 1 заврши, и не се случија најцрните сценарија, ама не се случија ни најоптимистичките. На првиот ден по сервисот Газпром го пушти гасоводот на само 30%, а спорната турбина уште не е вратена на место.

Не е лошо, полошо е

Процената на пазарот на природен гас е дека недостатокот и рекордните цени на енергенсот ќе траат некаде до 2024.

ЕУ само што го прогласи природниот гас и нуклеарките за зелена енергија

Преку еден спектакуларен пример на бриселска магија, ем ЕУ ќе продолжи да се бори против енергетската криза, ем ќе остане истрајна во спроведувањето на својата зелена агенда.

Русија шишти од пари од гас

Европската Унија и останатите сојузници успеаа да ја намалат дневната потрошувачка на руски гас за 75%, па Русија почна овие 25% да им ги продава по четири пати повисока цена.

Ако секне Северен тек 1, Европа зимава останува без гас

Деновиве беше објавено дека Русија заради технички проблеми плус одржување, ја намалува испораката на гас во ЕУ преку Северен тек 1, што значи дека може да се случи ЕУ да не стигне да ги наполни резервите на гас до почетокот на зимата.

Ништо посебното руско префрлање на рубља

Големата заштитна мерка за руската економија и рубљата општо беше исклучувањето на еврото од трговијата со енергенси и одлуката дека странските држави ќе треба рускиот гас да го плаќаат во рубљи. И тоа ем ќе се случи, ем нема да се случи.

Каде ќе најде Бајден гас за Европа?

За време на посетата на Европа, Бајден во својство на дарежлив и милозлив спасител објави дека Америка ќе ја снабдува ЕУ со природен гас и со тоа ќе ја извлече од енергетската зависност од Русија.

Со вакво однесување не ви бега 300 долари барел нафта

Цена од 300 долари за барел нафта и затворање на главниот нафтовод меѓу Русија и Германија се сосема реални сценарија ако западните влади продолжат со заканите за намалување на снабдувањето со енергенси од Русија, е пораката од една од највисоките позиции во руската Влада.

Казахстан гори заради цената на природниот гас

Во Казахстан се случи вртоглаво покачување на цената на природниот гас, што пак беше причина за народ масовно да излезе на улица, што беше причина за да биде прогласена вонредна состојба, што на крај заврши со комплетна оставка на владата на Казахстан.

Северен тек 2 уште не го сврте вентилот, а Европејците веќе му го исплатија на Газпром

Тоа што за Европа беше енергетска криза во изминатите месеци за руски Газпром беше период на баснословно богатење во кој успеаа да ја извадат целата инвестиција што ја имаа за новиот гасовод од Русија до Германија, па сега без брзање може да почекаат да го пуштат гасоводот во функција.

Руски гас, германски проблем

И во врвот на Студената војна, германските домови се греат благодарејќи на горивото испорачано преку 4.000 километри долгиот советски нафтовод Пријателство. Иако Пријателство ќе продолжи со работа, апдејтот на руско-германската соработка во форма на Северен тек 2, е сериозен извор на проблеми и притисоци врз Меркел.

Америка на Европа ѝ продава руски гас

Една од најголемите геостратешки победи на ЕУ против Русија беше почетокот на раскрстувањето со зависност од руски природен гас, кој беше заменет со редовни испораки на енергенсот од Америка. Излезе дека и овој пат преовладала старата „кај што има ексел, нема правдина“, и дека американските добавувачи на Европа и испорачувале руски гас.

Македонија ќе биде најголемата европска жртва од запирање на рускиот гас

Иако можното стопирање на рускиот гас за Украина во западните медиуми се оценува како "голем проблем на ЕУ", континентот многу нерамномерно ќе ги почувствува последиците од тоа. Од анализата ќе видите зошто Македонија е една од трите држави во Европа кои најмногу ќе настрадаат.

Украинска криза: Внимавајте на Меркел

Таа е практично лидер на Европската Унија. Засега за украинската ситуација игра воздржано но позади сценатаа, таа е во центарот на сите случувања. Ако некој може да влијае врз Путин, тогаш тоа е Ангела Меркел.