Гасната турбина на Сименс која од пред војната беше на сервис во Канада, деновиве, по серија дипломатско-правни егзибиции, стигна во Германија, каде е товарена и е тргната на пат за Русија, каде најрано треба да стигне во недела.
Сепак за да не биде Европа раат се случија две работи, прво Путин најави дека има уште една турбина од истиот гасовод што деновиве треба да оди на редовен сервис заради што протокот би можел да падне на 20%.
Второ, Путин не е сигурен ни дали и оваа турбина треба да се стави во погон.
„Ќе ви кажам зошто Канада не ја пушташе турбината. Затоа што таа самата произведува нафта и гас и сака да го освои европскиот пазар.
Одлуката не се базира на политика, па ни на нашата специјална операција. Постојат прагматични причини поврзани со обидот за влегување на европскиот пазар. Бидејќи тие планираат да почнат дома да произведуваат природен гас. И тоа е сè. И оваа конкуренција ја имаш на секој чекор.
Сега велат дека ќе ја вратат машината. Но во каква состојба? Кои се техничките параметри по тој ремонт? Може ќе ја наместиме и во еден момент ќе решат да ја исклучат. И толку е. И Северен тек 1 застанува!.“