„Мисирлу" или „Египјанка" според Википедија, која го третира прашањето по принципот на разумен компромис, е „традиционална песна од источно-медитеранскиот регион". Најраната верзија е од 1919, египетска композиција под името Бинт Миср, а најраната пак грчка верзија е ребетико од 1927. Познати се и арапска, еврејска, ерменска, српска и турска верзија.
Песната станала популарна преку американската сурферска рок песна на Дик Дејл од шеесетите на минатиот век, и токму таа е онаа од филмот на Тарантино. Легендата вели дека тој прв пат ја извел на концерт кога некој обожавател се обложил со него дека не може да исвири композиција само на една гитарска жица. Дејл, кој имал либанско потекло, се сетил дека неговиот вујко ја свирел Мисирлу токму така, на една жица на уд. Само го забрзал ритамот за да звучи како рокенрол и на тој начин ја популаризирал оваа традиционална песна.
Еве ја неговата што ја знаеме од филмот:
Најраната грчка снимка во изведба на Тетос Деметриадес
Уште една грчка верзија (моравме заради ликов)
Ерменска верзија од доцните 1960-ти
Една од турските верзии, на Зеки Мурен
Српска верзија на Станиша Стошиќ под наслов Лепа Врањанка
Ако некој знае за македонска верзија (што па ние да сме покусо?) нека ни пише.
***
АПДЕЈТ: по горниот повик, добивме и македонска верзија, потпишана од група „Ајвар“ зад која колку што дознавме стои проект на Дејан Сибиновски-Сибо од „Баклава“. Ете, и ние палп фикшн за трка имаме..