Ако со повремени дози вистина јавноста некогаш се имунизираше да не ги дознае границите на слободното новинарство, денеска стратегијата е карантин. За теми кои се неподобни веќе нема место во корпоративните медиуми. Како нападот на гасоводот стана интелектуална „зона на забранети летови“?
Сименс енерџи објави дека спорната турбина за Северен тек 1 е готова за испорака, само се чека Газпром да пушти некои документи за на царина за транспортот да може да тргне.
Сервисирањето на Северен тек 1 заврши, и не се случија најцрните сценарија, ама не се случија ни најоптимистичките. На првиот ден по сервисот Газпром го пушти гасоводот на само 30%, а спорната турбина уште не е вратена на место.
Првиот човек на германскиот регулатор за струја и гас, за Билд изјавил дека залихите на земјата се далеку подобри отколку претходните недели, ама не се ни приближно до тоа што и треба на Германија за зимава.