„Транспортот на турбината може одма да тргне. Германските власти на Сименс енерџи им ги обезбедија сите неопходни документи за извоз на турбината за Русија на почетокот од минатата недела.
Газпром е свесен за ова. Тоа што недостасува се царински документи за увоз во Русија. Газпром, купувачот, е должен да ги испрати нив,“ порачуваат од Сименс енерџи.
Сименс ја пушти турбината на сервисирање во Канада и е одговорен за нејзиното транспортирање назад во Русија. Враќањето се искомплицира бидејќи Москва бара конкретни документи кои ќе покажат дека трансферот не ги прекршува санкциите.
Газпром најави дека на 27 јули и втората гасна турбина од Северен тек 1 ќе биде пуштена на сервис, заради што капацитетот на гасоводот од сегашните 40% ќе падне на 20%.
Проблемот со овој проток е што не е ни приближно доволен за да ги наполни неопходните резерви со гас на Германија, за земјата да може да ја мине зимата без рестрикции.