Како ЕУ треба да одговори ако Русија го запре или радикално го намали снабдувањето - нешто што станува се поверојатно. Дента пред состанокот Газпром објави дека повторно ќе го намали дотокот на гас низ Северен тек 1, на 20% од капацитетот.
ЕУ лидерите сакаат да се осигураат дека недостатокот на руски гас нема да ги остави домовите низ Унијата незагреани а фабриките затворени. Меѓутоа членовите на блокот имаат различни нивоа на изложеност на рускиот гас. Некои изградија терминали за течен гас, со што ја намалија зависноста од Газпром. Шпанија, на пример, покрива само 10% од своите потреби со гас од истокот (иако процентот неодамна се зголеми заради несогласувањата со Алжир, еден од снабдувачите). Други веќе ја намалија потрошувачката - тука предводи Холандија, за една третина. А има и такви, како Полска, чие снабдување со руски гас е сведено на нула уште од почетокот на војната, па мораа да се адаптираат.
Германија е исклучокот. Други европски држави, Европската комисија, и САД долго време предупредуваа дека таа е премногу зависна од руски гас. Но снабдувањето од истокот и дозволи на Германија да ги затвори валканите електрани на јаглен, како и нуклеарните електрани. Рускиот гас беше и извор на евтина енергија за индустријата на земјата, помагајќи и да остане конкурентна. Како резултат на ова, пред Русија во февруари да изврши инвазија на Украина, повеќе од половина од германскиот гас доаѓаше од гасоводи од Сибир. (Сега уделот е на една третина.)
Предвидливо, кога Урсула вон дер Лајен, (германската) претседателка на Европската комисија, минатата недела предложи дека сите членки на ЕУ треба да ја намалат потрошувачката на гас за ист процент, некои се спротивставија. „За разлика од друг држави, ние Шпанците не живеевме над нашите можности во однос на потрошувачката на енергија,“ изјави министерката за животна средина на Шпанија, Тереза Рибера, педантно потсетувајќи на германскиот третман на Шпанија за време на евро кризата пред една деценија. Тогаш, Волфганг Шојбле, германскиот министер за финансии, изјави дека неговата држава нема финансиски да ги спасува оние што живееле над своите можности.
Министрите за енергија на ЕУ во основа шутираат канта за бензин по улица. Таргетот од 15% е волонтерски, иако министрите оставија можност за задолжително кратење ако Русија уште повеќе ги затвори вентилите. Има и многу подароци: за државите кои не се директно врзани на европската мрежа на гасоводи, за оние кои веќе ја намалиле својата потрошувачка, и за оние што користат многу гас за производство на ѓубриво и слично.
Ако претстојната зима е умрена, ЕУ може и ќе се извади. Но ако е навистина студена, блокот ќе мора да покаже дека може да се држи заедно и во тешки времиња. Германија посебно ќе треба да покаже солидарност со другите држави членки. Таа е во центарот на европската мрежа на гасоводи. Дали таа, на пример, ќе дозволи да тече гас кон Чешка за тамошните жители да не замрзнат, ако тоа значи дека германските фабрики треба да затворат на некое време? Во 2020, на почетокот од пандемијата, Германија беше меѓу државите што го ограничија извозот на заштитна медицинска опрема.
Поделбите одат во корист на Владимир Путин. Колапс на европската солидарност е токму тоа што тој го посакува.