Таг: Урсула фон дер Лајен

Може и да не се случи втор мандат за Фон дер Лaјен

Иако и понатаму е главен кандидат за позицијата претседател на Европската комисија, изведувачки е што последниов период шансите на Фон дер Лaјен значително се намалија, а притисокот допрва почнува.

Почина парламентарката што ги бараше СМС пораките меѓу Фон дер Лајен и Фајзер

Европратеничката на Зелените, Мишел Риваси, која притискаше за објавување на пораките меѓу првиот човек на ЕУ и првиот човек на Фајзер во кои беа договарани цените и количините за вакцини против ковид, изненадно починала од срцев удар додека патувала кон Европскиот парламент во Брисел.

Кралица Урсула

Најверојатното кандидирање на претседателката на Европската комисија за втор мандат се повеќе изгледа дека ќе наликува на крунисување отколку на демократски одлука, пишува магазинот Политико.

Фон дер Лејен ги издаде Украинците дека имаат 100.000 загинати војници

Во видео обраќање кое требаше дополнително да ја промовира идејата за трошење на запленетите руски милијарди за помош на Украина, кое од тогаш под притисок на Киев е избришано, премиерката на ЕУ објави дека до сега има над 100.000 загинати украински војници во судирите со руската војска.

Сонот на ЕУ за азербејџански гас ќе се прекршува во Нагорно-Карабах

По правење секакви отстапки околу човекови права, медиуми, војна на соседни држави, и поскапи цени на енергенси, ЕУ на крај сепак потпиша договор со Азербејџан кој треба да биде каква таква замена за руските енергенси. Деновие и таму од ведро небо се припука.

Маните на европскиот план за штедење гас

На 26 јули министрите за енергетика на членките на ЕУ на итен состанок речиси инстантно се согласија околу договорот за кратење на потрошувачката на гас, според кој секоја држава ќе ја намали потрошувачката за 15% во споредба со 5-годишниот просек. И ова нема да го реши проблемот.

ЕУ не може да ги најде пораките со кои се договорени 1,8 милијарди Фајзер вакцини

Фајзер и ЕУ имаат договор за снабдување на 1,8 милијарди вакцини против ковид, кои биле договорени по пораки, и кои пораки Фон Дер Лајен повеќе од 6 месеци никако не може да ги најде.

Турција: Им наместивме како што нарачаа

Аранжманот на седење беше во согласност со барањата на Унијата, е одговорот на турското министерство за надворешни работи за скандалот со седнувањето на Фон дер Лejен на страна „додека мажите разговараа“.

Што песни си нарача Урсула фон дер Лајен за поздрав со Германија?

Жената за некое време треба да стане главна на Европската комисија, заради што си даде оставка на позицијата министерка за одбрана на Германија, а адетот бил дека треба да биде испратена со песна.

Што може да се очекува од претседателката Урсула фон дер Лајен

Наспроти сите очекувања поранешната германска министерка за одбрана стана првата жена претседател на Европската комисија, прв германски државјанин на оваа позиција во изминатиот половина век, а и прв човек на позицијата чија мнозинска предност може да се преброи на две раце.