Иако уште вчера наликуваше дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ќе излезе кабает околу целата работа, соопштението од турската дипломатија само ја засилува оваа позиција.
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кој седеше на каучот карши фон дер Лejeн, изјавил дека седењето на средбата било според меѓународни протоколи, и дека Турција била предмет на „неправедни обвиненија“.
„Турција е држава со традиција. Не ни е ова прв пат да сме нечии домаќини. Протоколите кои се следат во Турција се во рамките на меѓународните протоколи. Истото важеше и за оваа средба.
Протоколот во претседателската палата беше во согласност со барањата на ЕУ. Со други зборови, распоредот на седење беше направен за да се исполнат нивните барања и предлози,“ порачал Чавушоглу.
Иако вчера сите го ставија Ердоган на тапет, имаше и паралелна забелешка упатена директно до Мишел дека ништо не направил кога видел дека нема столче за Фон дер Лejен.
На претходните средби меѓу Турција и ЕУ во Брисел, стандардно имало по 3 столчиња.