На крајот од јули властите на отцепениот регион Нагорно-Карабах, чие население доминантното е со ерменско потекло, објавија дека азербејџански сили почнале напад на регионот. Подоцна Азербејџан објави дека извршил „анти-терористичка операција против нелегални ерменски вооружени групи на азербејџанска територија.“
Само неколку недели пред оваа операција, во Баку доаѓа премиерката на ЕУ, Урсула фон дер Лајен и потпишува договор со кој испораката на азербејџански гас во ЕУ ќе порасне од 8,1 милијарда кубни метри во 2021 на 20 милијарди кубни метри во 2027.
Иако не може да ги покрие потребите за гас на Европа на ист начин како Русија, Азербејџан е најдобрата алтернатива што Унијата ја има во моментов и е клучен на нивните планови за прекинување на зависноста од Русија.
На терен, еден проблем е што и покрај волјата на Азербејџан да наплаќа ЕУ пари за својот гас, моментално нема слободен не-руски гасовод за испорака на овие количества.
Друг проблем е што освен договорот за гас со Азербејџан, ЕУ не контролира ништо во регионот и главниот збор таму и понатаму го има Русија.
Војната во септември 2020 кога Азербејџан со помош на Турција освои делови од ерменски контролираниот Нагорно-Карабах, заврши 24 часа откако Путин во Москва ги свика претседателите на Ерменија и Азербејџан. ЕУ во овој конфликт ниту можеше, ниту знаеше како да реагира, и не направи ништо повеќе од бенигни соопштенија на осуда и слично.
Јазолот кој треба ЕУ да го разврзе околу својот нов сојузник, Азербејџан, и неговиот главен душман, Ерменија, е и тврдењето на Баку дека Ерменија е поданик на Русија, додека во исто време Илам Алиев ја поддржува Русија. Па така, и покрај про-руските етикети Ерменија задржа неутралност околу војната во Украина, а Илам Алиев, претседателот на Азербејџан потпиша договор за сојузничка соработка со Москва на 22 февруари, еден ден откако Русија ги призна Донецк и Луганск.
Експертите за енергетика потсетуваат на Набуко гасоводот кој предвидуваше масовен капацитет за извоз, меѓутоа Европа во 2013 се одлучи со Азербејџан да се поврзе со два помали гасоводи ТАНАП и ТАП.
„Изминатиов период енергетските гиганти всушност гледаат да излезат од Азербејџан. Шеврон во 2020 продаде тоа што имаше, а во ист правец размислува и Ексонмобил. Минатиот септември Бритиш петрол (компанијата што го поврза Азербејџан со Европа) му го продаде својот удел во клучно ново наоѓалиште на нафта на руски Лукоил. Во јули годинава беше објавено дека БП ќе се откаже од својот преостанат удел откако не успева да открие комерцијални резерви на гас.
Азербејџан денес се соочува со ограничување на домашното снабдување со гас. Во изминатите години, гасењето струја кое не беше видено од 1990-те станува се почесто. Бидејќи 90% од производството на струја на земјата е на гас, тоа не е во прилог на плановите за извоз на гас.
За Азербејџан да стане алтернативен извор на енергија за Европа, мора да се започне со рапидна работа и инвестиции во енергетскиот сектор. Тоа ги вклучува и заложбите на ЕУ за обновлива енергија, кои се неопходни за да се ослободи уште повеќе азербејџански гас за извоз,“ пишува Максимилијан Хес во текстот за Политико.
Дури и да се остварат ветувањата за пари од фондови на Г-7 и Брисел, клучно за Западот ќе биде да спречи трета војна во Нагорно-Карабах, и да инсистира на нов формат на преговори, во кој него ќе го има многу повеќе, а Русија многу помалку.
Тука Западот мора да пази да не му го подари Нагорно-Карабах на Баку, како во Ерменија не би се вратиле на власт про-руските сили, кои поддржани од контингентите руски мировници во регионот би можеле да извршат притисок врз Алиев, „со што би се ставило крај на надежите за дополнително снабдување со енергија на Европа.“
Сепак Хес има оптимистички исход од целата ситуација кој бара баланс меѓу желбата на Баку за чисти пари, макар и во форма на инвестициски фондови од Западот, и спречувањето на посериозен конфликт во регионот до 2025 кога завршува рускиот мандат во Нагорно-Карабах.
„Анти-клептократската агенда на администрацијата на Бајден може да помогне да се држи под контрола режимот на Алиев, со тоа што заедно со наградите ќе бидат спакувани и некои казни.
Како што пукотниците почнаа да се обновуваат, овие напори треба веднаш да почнат,“ порачува Хес.