Фон дер Лејен останува главна кандидатка на нејзината партија, меѓутоа нејзината предност во однос на конкурентите е значително намалена споредено со мај годинава.
Од друга страна процената е дека Макрон не е воодушевен од идејата Унијата да биде предводена од член на европските конзервативци и веќе некои отворено споменуваат дека тој повеќе претпочита на таа позиција да го види поранешниот италијански премиер и прв човек на централната банка, Марио Драги.
Наводно, Макрон на својата неодамнешна посета на Германија добил впечаток дека е возможно и Берлин да поддржи друг кандидат освен Фон дер Лајен.
Во исто време малку е веројатно дека Олаф Шолц ќе застане зад Драги, меѓутоа неговиот коалициски договор му дозволува тој да избере друг кандидат за таа позиција доколку тој е од Зелените, а тоа за сега најголеми шанси има да биде Аналена Бербок.
Како избор на ЕПП (Европската народна партија) Фон дер Лајен најверојатно ќе ја добие поддршката од 12 ЕУ лидери кои седат во Советот, меѓутоа шансите за истото се комплицираат доколку Германија или Франција извадат друго име. Фон дер Лајен потоа треба да собере и минимум 361 глас за потврдување на нејзината номинација, која минатиот пат ја доби со само 9 гласа над границата.