Германија има воена церемонија стара речиси 200 години (Grosser Zapfenstreich), во која учествуваат припадници на армијата, вклучително и воен оркестар, и се огранизира за испраќање воени и цивилни функционери.
Традицијата е човекот на вечерта да избере три-четири песни што во еден дел ќе бидат изведени во негова чест. Како што пишува Дојче веле: „избраните песни даваат персонализиран допир на строгиот ритуал; тие се главната поента на церемонијата која избегнува големи говори.“
Изборот на следната претседателка на Европската комисија бил:
- Wind of Change // Скорпионс
- Ave verum corpus // Моцарт
- Ode to Joy // Бетовен
Во анализата на плејлистата на Лајен, Дојче веле пишува дека првата песна ги симболизира промените што таа ги прави во германската војска за време на својот мандат (2013-2019), кога ја модернизира опремата, ја реструктуира и дигитализира војската, но сето тоа е проследено со зголемување на буџетот од 21 на 43 милијарди евра. Втората песна, Ave verum corpus, е трибјут на нејзината религиозност и христијанските вредности на 60-годишната политичарка. Третата, „Ode to Joy“, ДВ смета дека е директно поврзана со нејзината нова позиција како претседателка на Европската комисија.
Во претходните случаи, Герхард Шредер на заминување ја избра „My Way“ од Синатра. Претходникот на Лејен си замина со „Live is Life“ од Опус, а министерот пред него, Гутенберг, ја избира „Smoke on the Water“ (човекот даде отказ откако се откри дека докторатот му е плагијат).