Во април 2021 Фон дер Лајен сама во интервју признава дека разменула пораки со ЦЕО-то Алберт Борула за затворање на договорот за Фајзер вакцини против ковид-19.
Веќе во јануари годинава официјалните институции на ЕУ побараа таа да ги обезбеди пораките што ги разменила со Борула.
Пред некој ден Европската комисија со официјална писмо објави дека Фон дер Лајен повеќе не ги поседува пораките.
Аргументот на Европската комисија е дека текст пораките не треба да се регистираат ниту зачувуваат затоа што се третирани како „краткорочни, преодни документи“, и дека тие потпаѓаат под истите правила за документи без важни информации.
Од новинарска заинтересираност, сега целиот случај заврши кај ЕУ омбудсманот кој најави објавување на детална нализа во следните неколку седмици.
Договорот, преговаран преку пораки и телефонски разговори, беше најголемиот договор за обезбедување ковид вакцини, кој предвидуваше дека ЕУ ќе купи 900 милиони дози, плус опција да купи уште 900 милиони.