Риваси е пратеничка во Европскиот парламент уште од 2009, а својот последен мандат речиси целосно го посветува на „Фајзергејт“ аферата која се однесува на пораките кои Фон дер Лајен ги разменува со Алберт Борула околу преговорите за купување 1,8 милијарди дози на ковид 19 вакцини за ЕУ.
ЕУ, а Фајзер уште помалку, до денешен ден ги немаат објавено условите на договорот за набавката на вакцините.
Европскиот суд на правдата некаде на почетокот на 2024 треба да донесе одлука околу Фајзергејт, по тужба на Њујорк тајмс дека Европската комисија не дала пристап до пораките од комесарката.
Порачувајќи дека на јавноста и понатаму упорно и се ускратуваат информациите за условите под кои е направен еден од најголемите договори во историјата на ЕУ (кхм, Бехтел, кхм, кхм) од Тајмс инсистираат дека на „јавните службеници не треба да им биде дозволено да избегнуваат надзор со тоа што нема да ги зачуваат информациите или ќе најдат алтернативни форми на комуникација за да избегнат објавување на податоците.“
Во време на пандемијата Риваси беше против задолжителното вакцинирање и ковид сертификатите.
70-годишната Риваси пред кариерата во Европскиот парламент е пратеничка во францускиот парламент во периодот од 1997 до 2002, по што две години и директорка на Гринпис во Франција.