Фон дер Лајен позицијата ја доби со само 9 гласови над потребниот лимит (383 гласа, а беа потребни 374). Кратко по победата таа ја доби поддршката на партиски лидери кои (во теорија) раководат со над 500 гласа во ЕУ парламентот (од 751 пратеник).
Вака ситното мнозинство беше добиено со учество на околу 40 пратеници од полската Партија на законот и правдата и италијанското Движење 5 ѕвезди, и двете крајно непопуларни во ЕУ. Проблемот е што сега не е комплетно јасно што, колку и дали Фон дер Лајен им должи на вакви групи.
Можната ранливост од држави како Полска и Унгарија заговорнички беше идентификувана во нејзиното избегнување да го спомене членот 7, механизмот кој до сега воспитно и превентивно се користеше за двете држави.
На долг рок проблемот на Фон дер Лајен е што Европскиот парламент моментално е најфрагментиран што бил од првите директни избори во 1979 до денес. Дополнителен проблем е што бројките од гласањето за нејзината позиција, покажаа дека најверојатно таа ги нема ниту сите гласови од нејзината матична Европска народна партија. Делумно објаснување за ова е дека нејзината програма премногу е наклонета кон „подмачкување“ на нивните противници.
За да ги освои социјалистите, зелените и либералите, Фон дер Лајен претстави рамка од 24 страни која опфати еколошки прашања, социјална политика и родова еднаквост. Во нив дел од мерките беа речиси кошмарни за нејзините сопартијци.
Фајненшл тајмс проценува дека малата разлика во гласови е само моментален став, а не утврдена опозиција кон нејзе. Тие го споменуваат Баросо, кој во 2009 успева да преживее со малку поголемо мнозинство.
Она што се уште се чека од Фон дер Лајен, е да ја претстави својата политика околу тоа како планира да ја позиционира ЕУ во трговската војна меѓу САД и Кина; дали ќе ги реформира индустриските и конкурентските политики на Унијата; дали ќе поддржи дополнително проширување; и како ќе ги реши разорувачките преговори околу долгорочниот буџет на Унијата.