Пирс Морган јавно му се извини на Новак Ѓоковиќ

„Ќе почнам со тоа што ќе ти се извинам“, вели најпознатиот британски водител Пирс Морган додека погледот му е вперен во најдобриот тенисер на сите времиња Новак Ѓоковиќ. Така започнува најавата за гостувањето на тенисерот кај Морган во емисија.

Потоа следуваат кадри од апсењето на Новак во Австралија, неговото третирање таму како циркуска мечка и депортација од земјата на кенгурите со претерани и неумесни реакции на влијателниот новинар.

Пирс Морган долеваше масло на оганот во хистеричниот прогон на Новак Ѓоковиќ, како на друштвените мрежи така и на јавните настапи.

„Тоа што го кажа зборува каква личност си. Само велам дека јас не сум таков“, одговара Србинот во еден момент.

Разговорот на Новак Ѓоковиќ со Пирс Морган е уште една ВИП емисија откако претходно Британецот разговараше со Кристијано Роналдо. 

11 ноември 2025 - 08:29