Орбан доби отстапки од Трамп за руската нафта и гас
8 ноември 2025
- Премиерот Виктор Орбан на средбата со американскиот претседател Доналд Трамп обезбеди Унгарија една година да биде изземена од санкциите што САД им ги наметнаа на земјите што купуваат нафта и гас од Русија.
- Орбан го убедил Трамп дека увозот на руски гас нафта се од витално значење за економијата и за граѓаните на Унгарија. Оваа земја, според ММФ, лани од Русија обезбедила 74% од вкупниот увоз на гас и 86% од увозот на нафта. Прекинувањето на тој увоз би предизвикало штета од 4% од бруто-домашниот производ.
- „Го разгледуваме тоа, бидејќи (Унгарија) е специфичен случај и не може да добива нафта и гас од други области. Тие ја немаат предноста да излегуваат на море. Тие немаат пристаништа. Но, многу европски земји купуваат нафта и гас од Русија, и тоа го прават со години“, изјави Трамп.
- Орбан се обврзал Унгарија да купи американски течен природен гас во вредност од 600 милиони долари.