Европа ја извезува енергетската криза кај најсиромашните

Зависничката потрага на ЕУ по природен гас по секоја цена низ светот колку толку ја извади Унијата, ама предизвика сериозна болка кај сè што е сиромашно и не може да им парира со пари.

Грејната сезона во Европа е пред нас и постои растечки оптимизам дека континентот некако ќе може да се извлече во претстојните месеци - и покрај тоа што снабдувањето со гас од Русија е речиси запрено. Аналитичарите на Блумберг предвидуваат дека дури и во најлошото сценарио во кое нема доток ни на капка руски гас, Европа би имала доволно гас за да ја преживее и најстудената зима во последните 30 години.

Меѓутоа стратегијата за преживување на Европа сериозно се потпира на два фактора. Прво, способноста на високите цени да го намалат капацитетот за гас, кој претпоставува владина заштита само на најранливите потрошувачи. До сега, намалувањето на побарувачката за гас главно го предводи индустријата, а домаќинствата ќе треба да почнат да ја играат својата улога.

Вториот фактор е способноста на континентот да ја порази Азија кога е во прашање природниот гас, што веќе драматично ги зголеми цените. Ова не е проблем за Јапонија и Јужна Кореја, освен ако не дојде престудена зима, а нула-ковид стратегијата го намали апетитот на Кина. Меѓутоа за азиските земји во развој, европската потреба за прибирање на достапните пратки гас е рецепт за енергетска нестабилност во време кога инфлацијата е висока а валутите се слаби. Азискиот увоз на течен гас во првите осум месеци од 2022 е паднат за над една четвртина во споредба со минатата година.

Пример, Пакистан. На тендер кој се затвори во понеделник за купување на течен гас за шест години од 2023 не се пријави ниту еден кандидат. Пакистан сакаше долгогодишен договор за да не мора да ги минува битките на берза и да стави крај на недостатокот на струја. Но за сега нема среќа. Купувачите без долгогодишен договор едноставно на цена ги губат пратките. Всушност, трговците велат, дека до 2026 има мала залиха на достапен течен гас. 2026 е годината кога се очекува дека новите извозни проекти ќе ја вратат ерата на ниски цени. Слична е приказната и со Бангладеш.

Или земете ги предвид Филипините, кои се потпреа на течен гас за да се справат со намалените домашни резерви на гас и презависноста од јаглен - но сега се соочуваат со цени што се вон контрола.

Европските потреби за течен гас треба да достигнат пик до крајот на деценијата. За многумина тоа е премногу далеку. Економиите во развој за кои гасот беше евтин начин за навигирање на енергетската транзиција со години ќе ја чувствуваат болката од европската енергетска криза.

Клара Фереира Маркез,
Блумберг

6 октомври 2022 - 10:17