Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Ништо од самитот Трамп-Путин

22 октомври 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Нема да се одржи најавениот самит помеѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин во Будимпешта бидејќи Русија не отстапува од своите „максималистички“ барања за војната во Украина.
  • Својот став Москва го објаснила во документ испратен до Вашингтон за време на викендот. Путин понудил Русија да ѝ врати на Украина делови од регионите Херсон и Запорожје, во замена за преземање на целата територија на Доњецк. Руските сили сега целосно го контролираат регионот Луханск и 75% од Доњецк. Трамп побара итен прекин на огнот и „замрзнување“ на сегашната линија на фронтот додека се преговара за мир.
  • Шефовите на дипломатиите Марко Рубио и Сергеј Лавров во телефонски разговор заклучиле дека контактите ќе продолжат, но дека нема потреба од директна средба на претседателите. Лавров потврдил дека Москва не се откажува од намерата да го преземе целиот Донбас – со војна или со преговори -  и се противи на договор што би опфаќал какво било испраќање трупи од НАТО во Украина.
  • „Не сакам да имаме неуспешна средба. Има развој и ќе ве информираме за него во следните два дена“, изјави Трамп.
извор

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во 2025 година имало 2.465 напади од омраза кон христијани во Европа, покажува новиот извештај на Опсерваторијата за нетолеранција и дискриминација OIDAC. Тоа е зголемување од 11,5% во споредба со претходната година.
  • Имало 395 напади или закани на верска основа насочени кон поединци, за разлика од 274 во претходната година.
  • Во Франција се регистрирани 843 напади, во Англија и Велс 624, во Германија 337 и во Австрија 134. 
  • Во Лион во септември 2025 година пред својот дом бил избоден до смрт Ашур Сарнаја, 45-годишен асирски христијанин со попреченост, кој веќе избегал од исламистички прогон во Ирак. Властите потврдија дека нападот бил поттикнат од радикална џихадистичка идеологија.
  • Во светот христијаните се најзагрозени во Нигерија. Локалната невладина организација Intersociety документирала дека само во првите осум месеци џихадисти убиле 3.038 христијани и киднапирале 3.193.
извор

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

27 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • На едно место ги собираат и средуваат линковите од стари македонски емисии, серии и телевизиски прилози кои се расфрлани по Јутјуб и социјалните мрежи. 
  • Архивата во моментов има околу 3.000 записи. Меѓу нив се прилог за Скопје со Кензо Танге од 1973 година, ТВ-филмот „Томе од бензинската пумпа“, има цели емисии и филмови, но и кратки прилози и извадоци што сами по себе бележат некој момент од животот на градот или од домашната телевизиска продукција.
  • Снимките се подредени по деценија и година. Секоја година има своја VHS касета, а со клик на неа се отвора списокот со снимки. За оние што сакаат да разгледуваат по жанр, има одделни полици за филмови, серии, документарци и музика на ТВ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

2

Остри реакции од бугарските и француските власти за крвавите сцени во Марсеј

Навивачи
3

Тренерот на Црвена Ѕвезда збесна на прашање за Гаштаров

Фудбал
4

Галеријата НАД Собранието

Мислења
5

„Македонци претерали“

6

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
7

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

8

Чесен Титов пионерски збор

Медиуми
1

Бугарија ја уценува Албанија да ги конвертира Македонците во Бугари

2

Галеријата НАД Собранието

Мислења
3

Арно.мк отворија ТВ архива Македонија

4

Нордијците спречуваат конфликт со Русија на Балтикот

Свет
5

Мелони ја предупреди Украина да не ја шири војната кон Медитеранот

6

Христијаните сè почесто се цел на напади во Европа

7

Британија повика 100.000 резервисти да се подготват за војна

Свет
8

Европскиот буџет сардисан од три страни

Мислења
* за последни 24 часа

Локалности

Медиуми

Чесен Титов пионерски збор

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Со искри да не фрлате

Сте ја слушнале ли химната на СОНК?

Ќе ги умрат родителите за лајк

Од вас слабите, ние дебелите на ред не може да дојдеме

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy