Парламентот на Јемен во официјална изјава предупреди на сомнителни активности на сили поврзани со САД и Франција во јужниот дел од земјата.
Според јеменските власти припадници на француската Легија на странци пристигнала на југот од земјата за да го обезбеди гасоводот Балхаф во провинцијата Шабвах.
Поранешниот министер за надворешни работи на Јемен, Абу Бакр ал Кирби, тврди дека Французите „под притисок на меѓународните цени на гасот, се подготвуваат да почнат со извоз на гас од Балхаф.“
Ал Кирби се сомнева и дека неодамнешните судири во Шабвах се должат на француската активност.
Во јули, Париз и Абу Даби потпишаа договор за енергетска соработка за заедничко производство на течен гас. Според извештаите од почетокот на годинава целта на оваа соработка е обезбедување на контрола врз јеменските залихи на гас преку погоните во Балхаф кои се во сопственост на француската компанија Тотал.
Јеменската влада и народ со години бара повлекување на сите нелегални окупаторски сили во земјата, вклучително и неодамна распоредените американски сили. Неодамна јеменската влада ја обвини саудиската коалиција дека под директива на САД почнале ограбување на јеменските резерви на природен гас.