Ако се баталат оние таблоидни и апокрифни наслови (Обама телефонски му се дерел на Путин, Меркел телефонски му рекла дека е аут оф спејс), германската канцеларка засега во врска со Украина игра доста резервирано. Се залага за политичко решение, иницира преговори Киев - Москва, бара намалување на тензиите.
А ако во Европа постои играч, тоа е таа. Де факто лидер на ЕУ, ја води Германија, земја која Русија сè уште ја смета повеќе за сојузник отколку за непријател. Иако на неколкупати ги критикувала прекршувањата на човечките права во Русија, на Меркел и е битно да оддржува извонредни бизнис односи со Путин. Конечно, Русија е најголем снабдувач на Германија со гас а целата европска зависност од Газпром изгледа застражувачки:
Ангела Меркел и Владимир Путин ја почитуваат цврстината на другиот, проценува Њујоркер. Путин се согласи со нејзината идеја за формирање контакт група но остануваат нејасни многу детали за таа иницијатива.
Во секој случај Меркел ќе инсистира на дипломатско решение и нема лесно да се приклони кон идеите за казнени мерки кои ги бутка Вашингтон.
Таа ќе сака мирољубиво решение не само заради зависностаод природниот гас туку заради пошироките интереси на Германија. Не постои друга земја која повеќе го искористила европското проширување на исток и добар дел од тие земји како Полска, Словачка и Романија денеска служат и како германски производни центри и како конзументи на германските производи.
Во случај на опцијата која се споменува како сосема можна, запад и исток да влезат во нова Студена Војна, Германија ќе биде најголемиот губитник во таа пат поизиција.
А тоа Ангела Меркел веројатно нема да го дозволи.