Русија објави дека кој нема да плаќа во рубљи нема да добие ни природен гас, додека ЕУ порача дека нема намера да плаќа во рубљи.
Ваквата навидум ненадминлива ситуација излезе дека има многу реално и просто решение кое ќе ги остави и двете страни со чувство на победа.
Како што објаснува француската Министерка за еколошка транзиција, Барбара Помпили, Западот, односно Франција, услугите од Газпром ќе ги плаќа во евра директно во Газпром банката, која на берза ќе ги менува еврата во рубљи пред да ги уплати на сметката на Газпром.
На овој начин европските компании не остануваат должни кај Газпром и со тоа не го прекршуваат договорот за соработка, а Газпром ги добива парите и продолжува со испораката.
„Верувам дека ова над сè е мерка за поддршка на рубљата, а не е одмаздничка мерка кон европските компании,“ објаснува Помпили.