Во понеделникот државниот секретар на САД, порача дека тие и Европа планираат забрана на увоз на руска нафта.
На ова прво реагираше пазарот и цената на барел нафта достигна највисоко ниво од 2008, над границата од 140 долари за барел.
Потоа реагираше рускиот заменик премиер Александер Новак, кој порача:
„Апсолутно е јасно дека одбивањето руска нафта ќе доведе до катастрофални последици на глобалниот пазар.
Скокот на цените ќе биде непредвидлив. Ќе дојдеме до 300 долари за барел ако не и повеќе.
Европските политичари треба искрено да ги предупредат своите граѓани и потрошувачи што да очекуваат.
Ако сакаш да ги одбиеш руските залихи на енергенси, слободно. Ние сме подготвени за тоа. Ние знаеме каде ќе ги пренасочиме тие количини.“
Новак изјавил дека Русија и понатаму целосно ја исполнува својата должност за снабдување со природен гас на Европа, околу 40% од целиот пазар, меѓутоа сосема би било оправдано ако земјата се одлучи да преземе контра мерки против ЕУ откако Германија минатиот месец ја замрзна сертификацијата на Северен тек 2.
„Во врска со забраната на Северен тек 2, ние сосема имаме право да донесеме идентична одлука и да престанеме со пумпање гас преку гасоводот Северен тек 1.
За сега не преземаме такво нешто, ама европските политичари со нивните изјави и обвинувања против Русија нè туркаат во тој правец,“ порачал Новак.