Ваквата бирократска алхемија се базира на одлуката на Европскиот парламент да го поддржи планот гасот и нуклеарната енергија да бидат извадени од фолдерот штетници, и да им биде залепена етиката „зелена енергија“.
По ново гасот може да биде класификуван како одржлива инвестиција ако „истиот енергетски капацитет не може да се генерира од обновливи извори“ а веќе има планови за префрлање кон обновливи извори.
Кај нуклеарната енергија проектот може да биде наречен зелен ако вети дека ќе се справи со радиоактивниот отпад.
Од еколошка страна одлуката е или исмевана или прогласена за катастрофална затоа што e спротивна на темелите на која било зелена агенда, посебно таа на ЕУ, која е во опасност да стане симболична.
Од гео-политичка страна, стравот е дека со одлуката ЕУ само дозволува финансирање и дополнително проширување на капацитетите за природен гас, кој најверојатно ќе дојде од истиот човек што ја започна војната во Украина и енергетската криза што произлезе од нејзе.
„Поединечните интереси овој пат победија. ЕУ сега постави опасен преседан за ниски амбиции кои другите држави и власти ќе можат да го следат,“ порача советникот од Е3Г климатскиот тинктанк, Јоханес Шоретен.
До тука се стигна откако Фон дер Лајен му вети на Макрон дека француските нуклеарки ќе добијат „зелен печат“, по што државите во кои доминира природниот гас за себе побараа слични отстапувања.
Одлуката е поздравена од рускиот министер за енергетика, Николај Шулгинов, кој порача дека новата зелена класификација на ЕУ нуди „опсег на можности“ и дека со вклучувањето на природниот гас во зелената класификација ЕУ признава дека направила грешка во својата зелена транзиција.