На 16 декември 2015 катарското кралско семејство добива вест дека 28 негови членови се киднапирани додека се на лов во Ирак. Списокот со заложниците е предаден на катарскиот министер за надворешни работи.
Планот на Саудијците (единствениот копнен сосед на Катар) за копање канал и физичко одвојување по целата граница со Катар, моментално е во фаза на собирање понуди.
За време на Националниот ден на Катар, 18-ти декември, заливската држава на прославата извади 6 Мираж ловци, 6 товарни авиони и ескадрила авиони за обука. Сето ова заедно претставува половина вкупната авијација на Катар, за сега. Во јуни 2017 Катарците потпишаа договори вредни 20 милијарди долари за купување 96 нови воени авиони.
Да не постоеше Хичкок финишов, некој ќе требаше да го измисли. Се случува на квалификациски меч меѓу Иран и Катар за играчи до 19 години. На водство од 4:3 во пенал серијата, голманот на Катар го одбрани клучниот за пласман на Азиското првенство кое се игра догодина во Индонезија, а судијата го поништи од несфатливи причини, па уште му даде и црвен. На сцена стапи капитенот кој ги облече ракавиците и стана херој. Неповторливо.
Голман во Катар покажа целосно непочитување кон својата позиција на која игра со потег кој скапо го плати. Кај строг тренер за ова глупирање веднаш се добива статус на резерва. Остај го ти Ноер, него му се пресметани овие излети до стотинка.
Некогашниот шпиц на Удинезе, Рен, Сандерленд и репрезентацијата на Гана неколку години го немаше на фудбалската мапа и сите заборавија на него. Сега се враќа како цар од Истокот.
Рекордниот трансфер на бразилската суперѕвезда од Барселона во ПСЖ е дел од многу поголемиот план на Катар, кој е сопственик на парискиот клуб, пишува Жорџ Малбруно во Фигаро.
Во 2013 и 2014 Катар потпишува серија договори со своите соседи од Персискиот залив дека нема да им дава поддршка на опозициски и непријателски групи во границите на овие држави, плус во Египет и Јемен. Неколку години подоцна Катар преку ноќ завршува скоро па херметички затворен.
Откако четирите арапски земји ги прекинаа сите врски со Катар и ја ставија земјата во изолација, до катарските власти стигна и список од 13 барања што треба да бидат исполнети ако сакаат ембаргото да престане. Една од 13-те е и затворање на меѓународната телевизија Ал Џезира.
Откако го критикуваше Катар дека го поддржува муслиманскиот тероризам, следниот (принуден) потег на Трамп беше - продажба на оружје на Катар во вредност од 12 милијарди долари.
Откако во понеделникот се разбудија блокирани како од блиски, така и од далечни соседи, Катарците се соочија со една стратешки проблематична реалност: пари од нафта не се јадат.
Може ќе звучи како ова веќе да го имате чуено, ама САД пак ги сомничи руските хакери дека се виновни за уште еден глобален курцшлус - спукувањето на арапските држави и Катар.
Исплата е извршена на вооружени групи во Сирија поврзани со Иран и Ал Каеда, а за милијардата Катарците назад добиле 26 членови на кралското семејство кои залутале за време на лов со соколи.
Саудиската државна новинска агенција објави дека Ријад ги затворил своите граници, прекинувајќи секаков копнен, воздушен или поморски контакт со Катар, со што речиси го изолираше кралството.
Фудбалерите на Аргентина се први на ФИФА светската ранг листа. Нивните кошаркари се редовни учесници на Светски првенства и Олимпијади, а „Гаучосите“ имаат и одлични рагбисти. Но ракометарите им се на ниво на трета лига во Занзибар. Во првото полувреме од дуелот против Катар на Мундијалот дадоа само два гола.
Нешто дефинитивно не штима на „Камп Ноу“ сезонава. Клубот кој важи за симбол на културата и е повеќе од клуб запаѓа во замка од која не баш вешто излегува. Валканиот веш никогаш не бил така јавно простиран како сезонава.
Marathon des Sables важи за еден од најтешките ултрамаратони на планетата. Во шест дена се трчаат 251 километар по Сахара. Женскиот маратон годинава го освои Русинката Наталија Седих, фитнес тренер од Перм која живее во Дубаи.
Редовните прес конференции знаат да бидат страшно еднолични, монотони и досадни, но ако на нив гостува човек како португалскиот тренер Витор Переира (тогаш во Ал-Ахли, денес во Фенербхаче) сè може да се слушне. Револтиран од судењето распали на прес и за малку физички не се пресмета со човекот што ја водеше конференцијата.
Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.
Со Арапските земји не ни оди баш, имаме само две победи на девет меча, едната против Иран 2:1, а со ист резултат го победивме и Катар. Мечот се играше на Филип Втори во 2009 година, во ист термин во кој играме денеска против Либан, 13 часот.
На дуелот меѓу Ал Ахли и Ал Хилал во Саудиска Арабија, бекот Салмин Камис нормално ја градеше топката додека таа не излезе во гол-аут. Следуваше судиска одлука која го запрепасти цел стадион, а на крајот правдата дојде на свое место.
Рома сигурно сметала на 13 милиони евра колку што требал да исплати клубот Ал Џазеира за Жервињо. На крајот, фудбалерот сакал услови кои дури ни шеиците не можеле да му ги исполнат и договорот пропаднал.
Од големото пријателство со Икер Касиљас и големиот респект кон Пирло, до дебито во Купот на Каталоња и рекордите во дресот на Барселона, Чави е симбол на една славна генерација.
Капитенот на Барселона и поранешен шпански репрезентативец, Чави ја прифати богатата понуда од катарскиот Ал Сад, каде ќе игра во наредните три години. Во Ал Сад веќе играше Раул Гонзалес.