Откупот што и претходеше на блокадата

Катарците платиле милијарда долари откуп

Исплата е извршена на вооружени групи во Сирија поврзани со Иран и Ал Каеда, а за милијардата Катарците назад добиле 26 членови на кралското семејство кои залутале за време на лов со соколи.

Според Фајненшл тајмс, кој пренесува дека групата била заробена додека ловеле во јужен Ирак, ова е една од причините за неочекуваната одлука на неколку арапски држави да ги прекинат дипломатските односи со Катар и да ја блокираат земјата.

Договорот направен во април ги вознемирил соседите околу улогата на Катар во подгревањето на конфликтите што се случуваат во регионот.

"Плаќањето откуп беше капката што ја прелеа чашата," изјави неименуван извор за Фајненшл тајмс.

Доха иако официјално не потврдува, извори од тамошната влада признале дека биле направени "плаќања", меѓутоа без да шпекулираат за сумата.

Според информациите до кои доаѓа ФТ, околу 700 милиони долари има се исплатени на ирански функционери и регионалната шиитска милиција што тие ја поддржуваат. Дополнителни 200 до 300 милиони долари одат за сунитски исламистички групи во Сирија, од кои најголемиот дел за Тарир ал-Шам, една од групите со врски со ал-Каеда.

Киднапирањето се случило во декември 2015 и е извршено од ирачка шиитска милиции поддржана од Иран, Ката'еб Хезболах, а заложниците наводно биле чувани во Иран. Дипломатите со кои разговара ФТ сметаат дека киднапирањето било со цел Иран да има некаква предност во преговорите за ослободување на шиитските борци заробени од сунитската група Тарир ал-Шам во Сирија.

 

6 јуни 2017 - 17:18