Зошто Саудијците бараат затворање на Ал Џезира?

Откако четирите арапски земји ги прекинаа сите врски со Катар и ја ставија земјата во изолација, до катарските власти стигна и список од 13 барања што треба да бидат исполнети ако сакаат ембаргото да престане. Една од 13-те е и затворање на меѓународната телевизија Ал Џезира.

Телевизијата е формирана во 1996-та како дел од планот на новиот емир на Катар, Хамад бин Калифа, за спротивставување на саудиската доминантност во регионот. За почеток тој и дава на телевизијата грант од околу 150 милиони долари.

Од своето отворање Ал Џезира работи по сите новинарски стандарди и кодекси, критикувајќи ги и нагласувајќи ги слабостите на владите во регионот, а потоа и низ светот. Исклучок е само владата на Катар, која сето ова време добива крајно повластен третман.

По една емисија на Ал Џезира во 2002, во која се критикува Саудиска Арабија, земјата го повлече својот амбасадор од Катар. Одлуката за повлекувањето траеше до 2008.

 

5 јули 2017 - 10:50