Новинарот на Ал-Џезира начекува една баба од Газа да ја праша за ситуацијата таму и нешто околу хуманитарната помош што стига / не стига таму. Бабата има инсајдерско инфо што изгледа уште не е стигнато до Ал-Џезира.
Американскиот министер за надворешни работи, Ентони Блинкен, за време на посетата на Доха, побарал од катарскиот премиер новинската мрежа Ал-Џезира „да го стиши малку“ покривањето на војната во Израел.
Се вика Рајтли (Rightly), замислена е како простор за американските десничари и вам може ви е неверојатно, ама на вработените на катарската Ал Џезира им е и неверојатно и нејасно и непријатно.
Европскиот првак страшно многу се изнамачи за да стигне до финалето на Светското клупско првенство. Пречка им беше Ал Џезира или поточно нивниот голман Али Хасиф кој целосно одлепи и им скроти едно десетина чисти топки. Фалеше уште со кук да им одбрани некоја.
Во 2013 и 2014 Катар потпишува серија договори со своите соседи од Персискиот залив дека нема да им дава поддршка на опозициски и непријателски групи во границите на овие држави, плус во Египет и Јемен. Неколку години подоцна Катар преку ноќ завршува скоро па херметички затворен.
Откако четирите арапски земји ги прекинаа сите врски со Катар и ја ставија земјата во изолација, до катарските власти стигна и список од 13 барања што треба да бидат исполнети ако сакаат ембаргото да престане. Една од 13-те е и затворање на меѓународната телевизија Ал Џезира.
Американската филијала на глобалната мрежа во 2013-та имала нето оперативна загуба од 250 милиони долари, а по истата ставка во 2014-та завршила со минус од уште 335 милиони долари.
Неодржлив бизнис модел е причината која е наведена во одлуката за затворање на американската филијала на глобалната новинска мрежа. Последниот работен ден за Ал Џезира Америка е 30-ти април. Наместо на телевизија, повеќе ќе се посветат на интернет.
Рома сигурно сметала на 13 милиони евра колку што требал да исплати клубот Ал Џазеира за Жервињо. На крајот, фудбалерот сакал услови кои дури ни шеиците не можеле да му ги исполнат и договорот пропаднал.
Деновиве на интернет се појави преписката меѓу арапските и европските/американските вработени на телевизиската мрежа околу нивната поделба во поддршката за кампањата "Јас сум Шарли." Се почнува со меил до целата редакција во кој уредникот на англиската Ал Џезира дава препораки како да се покрива настанот.
Западната опсесија со ИСИС повеќе е поттикната од верската нетрпеливост отколку која било вистинска проценка на ризикот или свирепоста на групата, пишува Муса ал Гарби за Ал Џезира.