На страна новинарската работа, Ал Џезира дала лични предмети на палестинскиот лидер (меѓу кои и неговата облека и четка за заби) на анализа во лабораторија во Швајцарија, чии резултати покажале присуство на високо радиоактивниот полониум.
"Можам да потврдам дека измеривме необјасниво високи нивоа на полониум-210 во предметите на господинот Арафат, кои содржеа траги од биолошки течности," изјавил директорот на лабораторијата.
Инаку, Арафат бил здрав се додека не паднал болен од се уште не објаснети причини.
Полониум-210 е истата состојка која беше употребена во убиството на поранешниот КГБ агент Александер Литвиненко, во 2006-та.