Заливските држави го обвинуваат Катар дека не ги испочитувал договорите. Катар пак ги обвинува Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати дека го прекршиле духот на договорот и се впуштиле во "не провоциран напад на катарскиот суверенитет".
Првиот договор, кој е рачно напишан и со датум од 23 ноември 2013, е потпишан од кралот на Саудиска Арабија, емирот на Катар и емирот на Кувајт. Во него се наведени ветувања за избегнување во внатрешните работи на останатите заливски нации, вклучувајќи и финансирање или политичка поддршка за "девијантни" групи (анти-владини активисти). Во договорот, наречен конкретно се наведува дека не смее да се поддржи Муслиманското братство, нешто за што заливските сојузници редовно го обвинуваат Катар.
Во неодамнешното развивање на кризата Доха беше рафално обвинувана не само што го поддржува Муслиманското братство во Египет, туку дава финансиска поддршка и за Хезболах и други терористички групи.
Во истиот овој договор, потписниците ветиле дека нема да дадат поддршка за "непријателски настроените медиуми", референца на Ал Џезира, новинската телевизија базирана и финансирана од Катар, која редовно им дава место на опозициските групи во регионот.
Вториот договор, обележан со "строго доверливо", ги вклучува и кралот на Бахреин, принцот на Абу Даби и премиерот на Обединетите Арапски Емирати. Во него конкретно се нагласува посветеноста на потписниците да ја поддржат стабилноста на Египет "вклучувајќи и спречување на Ал Џезира да биде користена како платформа од групи и поединци кои претставуваат предизвик за египетската влада". И во овој договор нема ишарети кон катарската новинска мрежа, туку таа е директно спомната по име.
И двата договора не го истакнуваат Катар како негативец, туку се однесуваат на сите 6 земји потписнички.