Ал Гарби (има мастерс по филозофија од Универзитетот во Аризона и работи на изучување на конфликтите на Блискиот Исток) потсетува дека Западот е запрепастен од она што го прави ИСИС, по основа дека такво нешто повеќе никаде не се случува "тие тврдат дека варварството на групата е вродено муслимански, и е производ на агресивното и архаично гледиште на светот што доминира во муслиманскиот свет. Игнорантноста на овие тврдења е зачудувачка."
Како пример за колективната хистерија и тоа што проблемот е дека муслимани ги вршат овие злостори, а не нивниот обем, ал Гарби ја наведува игнорантноста на Американците кон она што им се случува преку граница - мексиканските картели.
Тој ги дава следните бројки:
- Во 2014-та во Ирак од страна на ИСИС се убиени речиси 9.000 цивили, а околу 17.386 се ранети. Групата е одговорна и за уште неколку илјади убиства во Сирија. Наспроти нив во 2013-та, мексиканските картели имаат убиено 16.000 луѓе само во Мексико, и дополнителни 60.000 во периодот од 2006-та до 2012-та (или околу 1 човек на секој час во изминатите 7 години). "Што е уште полошо, ова се процени од мексиканска влада, која е позната по тоа што го намалува бројот на жртви за 50%."
- ИСИС до сега има убиено десетина новинари, картелите од 2006-та имаат убиено најмалку 57. На ова плус се луѓе убиени затоа што ги критикуваат картелите на интернет.
- "Западот беше гневен за тоа што ИСИС зароби 1.500 жени од Језидите и изврши сексуални злосторства врз нив, и ги користи како робови." Картелите држат десетици илјади Мексиканци како робови, и редовно го користат силувањето како оружје.
- ИСИС обезглави двајца Американци и предупреди дека ќе убие и трет. Од 2007-ма до 2010-та картелите имаат убиено 293 Американци во Мексико, и во неколку наврати ги имаат нападнато американците конзулати во земјата. "Иако обезглавувањата од страна на ИСИС се несомнено ужасни, картелите измачуваа, разделкаа и потоа сварија еден од Американците што го имаа фатено - а на крај најверојатно им го дадоа на кучињата да го јадат."
- Од 2006-та, до 2010-та, во САД околу 5.700 Американци без убиени во насилства поврзани со нарко-картелите. За споредба, на 11-ти септември беа убиени 2.937 луѓе, во војната во Авганистан беа убиени 2.349 Американци, а во Ирак загинаа 4.487 Американци. "За четири години картелите успеаа да предизвикаат повеќе смртни случаи на Американци отколку 11-ти септември или која било од војните."
"Нарко-картелите регрутираат деца војници, уште од 11-годишна возраст ги подготвуваат да станат убијци и ги испраќаат на самоубиствени мисии во судирите со мексиканската армија. Секоја година киднапираат десетици илјади деца за да ги користат за шверц на дрога или проституција или едноставно да ги убијат заради нивните органи. Тие што се обидуваат да се спротивстават завршуваат мртви. Во септември, со очигледна помош од локалната полиција, картелите киднапирале и масакрирале 43 студенти како одговор на студентскиот протест," пишува ал Гарби.
За него на САД им е многу полесно да ги игнорираат фактите и да продолжат по стереотипите на јавноста.
"За жал властите на САД не можат да формулираат ефективен одговор на овие многу посериозни закани, бидејќи американската јавност е многу позафатена со огрдување на Исламот додека американската армија ги убива Арабите и муслиманите во странство. Една работа е сигурна: опсесијата на Америка со ИСИС е потпалена од исламофобија наместо од каква било емпириска реалност," порачува ал Гарби во колумната за ал Џезира.