Поради непристојните барања на Жервињо, трансферот на фудбалерот во Ал Џазеира е откажан, изјавил вчера еден од раководните луѓе во клубот од ОАЕ.
Тоа беше причина италијанските медиуми, пред сè Газета дело спорт да се обиде да дознае зошто пропаднал трансферот кој беше извесен. Поранешниот фудбалер на Лил и Арсенал, 28-годишниот Жервињо од Арапите барал приватен хеликоптер на располагање, приватна плажа, сместување за повеќе членови од неговото широко семејство, како и неограничен број на авионски карти до Брегот на Слоновата Коска.
После ова, извесно е дека во Тригорија (спортскиот центар на Рома) ќе жалат што од рака им избегаа 13 милиони евра, особено што трансфер операцијата веќе била завршена и двата клуба се договориле пишува ГдС.
Ал Џазеира веќе ослободила место за Жервињо, затоа што секој клуб можел да има само тројца странци во тимот (таму игра и Мирко Вучиниќ), но крилниот напаѓач веројатно ќе се појави на стартот на подготовките на Рома на 5. јули.