Бројките се од тужбата поднесена против Ал Џезира Америка од нејзиниот поранешен извршен заменик претседател за финансии Ананд Гупта. Тој тужи дека од поранешниот ЦЕО на компанијата, Ехаб ал Шибаби, му била ветена позицијата ЦФО на Ал Џезира Америка, што никогаш не се остварило по заминувањето на ал Шибаби од функцијата.
Освен огромните загуби, во тужбата се наведени и некои од трошоците на сега веќе пропаднатата телевизиска мрежа, кои вклучуваат и месечна кирија од 11.000 долари за стан за ЦЕО-то Ехаб ал Шибаби, кои ги плаќаат и по неговото заминување од компанијата.
Во јануари годинава, Ал Џезира Америка објави дека престанува со работење, а последната програма од мрежата беше емитувана на почетокот од април. Телевизијата не издржа ни цели 3 години, период во кој постојано имаа слаба гледаност.
Тогаш од мрежата објаснија, дека иако Ал Џезира Америка има создадено лојална публика низ САД и се повеќе е препознаена како важен нов глас во телевизиските вести, "економскиот пејзаж во медиумската околина доведе до стратешката одлука да се намали целата операција и да се затвори сервисот."