Европскиот првак страшно многу се изнамачи за да стигне до финалето на Светското клупско првенство. Пречка им беше Ал Џезира или поточно нивниот голман Али Хасиф кој целосно одлепи и им скроти едно десетина чисти топки. Фалеше уште со кук да им одбрани некоја.
Реал губеше на полувреме и со головите на Роналдо и Бејл во вториот дел го доби полуфиналето. Обрнете внимание на статистиката. Имаа 35 удари од кои 12 во рамки на гол.