Верзијата на американските власти пренесена од Сиенен е дека Русите успеале да ја хакнат катарската државна новинска агенција и да подметнат лажни новински извештаи кои ја предизвикале кризата меѓу најблиските американски сојузници во заливот.
Спорот е во вестите од 23-ти мај во кои Катарската новинска агенција пренела неточна изјава од катарскиот владетел која била пријателска кон Иран и Израел и го ставила под знак прашање траењето на мандатот на Трамп.
ФБИ испратил и тим во Доха за да им помогне на Катарците да го истражат хакерскиот напад кој според катарската влада се случил пред две недели. Во Катар е сместена една од најголемите американски воени бази во регионот.
Се уште не е јасно дали САД го имаат поврзано хакерскиот напад во Катар со руски криминални организации или со руските безбедносни сили обвинети за хакирање на американските избори. Сиенен ја пренесува и проникливата изјава на еден американски функционер кој заклучува дека "во земјата (Русија) ништо не се случува без благослов од владата."
Вестите од 23-ти се сметаат за уште една ставка на списокот причини кои доведоа до блокада на Катар.