По неколку недели мољакање, дебати, и започнат судски процес околу тоа што Епл одбива да го отклучи мобилниот на убијците од Сан Бернардино, ФБИ во понеделникот од ведро небо објави дека нашол луѓе што го отклучиле Ајфонот без помош на Епл. Сега Епл сака да знае како?