Од понеделникот се случија две работи, ФБИ се откажа од судската постапка против Епл, а дебатата се сврте од "Дали треба Епл да им го отклучи телефонот на ФБИ?" во "Дали ФБИ треба да му каже на Епл каде му пропустот во производот."
Се уште не е јасно како ФБИ ја проби заштита на Ајфонот, меѓутоа се претпоставува дека "хакот" што го употребиле им дозволил повеќе од 10 пати да го утнат пасвордот без телефонот комплетно да се блокира. Не е познато какви информации властите имаат собрано од телефонот.
Адвокатите на Епл моментално бараат легална основа како да ја присилат владата да им ја предаде процедурата околу хакирањето на телефонот.
Процената е дека Епл дури и да најде основа, ФБИ може да се вади на тоа дека имаат потпишано договор за необјавување, и дека податоците се во рацете на третата страна која и помогнала на агенцијата, или пак дека истите не можат да бидат објавени до крајот на истрагата.
Тим Кук за случајот со ФБИ: