Ова е трет пат во последните неколку годни ФБИ да земе под контрола сајт со детска порнографија, и да го остави да функционира уште некое време за да собере информации за луѓето што симнуваат педофилски содржини.
Станува зборот за сајтот познат како Плејпен, кој ФБИ го запленува на 20-ти февруари и го остава да работи до 4-ти март 2015. Во тоа време тие имаат 215.000 регистрирани корисници и линкови до над 23.000 сексуално експлицитни слики и видеа од деца, вклучувајќи над 9.000 фајлови кои директно можеле да бидат симнати од серверите што ги контролира ФБИ. Во судските документи се наведува дека на дел од сликите имало "деца едвај возрасни да одат во градинка."
Ова е комплетно различно од праксата што до сега ја имаше ФБИ, чии агенти прво гледаа инстантно да го сопрат ширењето на фотографии од деца кои се сексуално малтретирани.
ФБИ го забележува појавувањето на Плејпен кратко по неговото стартување во август 2014-та. Сајтот е достапен само преку "мрачната мрежа." Во февруари ФБИ ги лоцираат серверите на сајтот во Северна Каролина и тивко го префрлаат во нивните објекти во Вашингтон.
Во периодот додека е под контрола на ФБИ, сајтот е посетен од над 100.000 регистрирани корисници, агентите успеале да ги идентификуваат вистинските ИП адреси на 1.300 од нив.