Тони Пруит само што ја завршувал својата смена во еден салон за тетовирање кога му заѕвонил мобилниот. Од полиција, му викаат да дојде утредента, го смируваат дека не е ништо страшно и дека најверојатно случајот ќе заврши со смеење.
Не завршува ич така.
Оди другиот ден во полиција, таму го пречекуваат агенти на ФБИ, го прашуваат дали познава извесен Усамах Антони. Им вика дека не познава ниеден муслиман. Агентиве му објаснуваат дека во тој случај, ќе им треба неговиот син Пејтон, инаку ментално хендикепиран дечко.
Во тој момент Тони побарува адвокат но го уверуваат дека нема потреба од тоа и дека е најдобро работата да се заврши со добро. Им верува, им дава дозвола да ја претресат нивната куќа и го носи синот во полиција.
18 годишниот Пејтон е дијагностициран со ментална ретардација, аутизам и АДХД. Функционално е на ниво на 8 годишно дете. Никогаш не бил сам, никогаш ни врвките сам не си ги врзал. Зборува бавно а кога е вознемирен или возбуден, манијакално се клацка на клацкалка за да си направи некој ритам во нередот кој му е во душата.
Таков Пејтон бил на само испрашуван од агенти на ФБИ, ни адвокат ни татко до него. Во меѓувреме полицијата ја претресува куќата и запленува лаптопи, плејстејшн, ајпад и сосема легален примерок од книгата "Inside ISIS" на американскиот новинар Бенџамин Хол.
По 4 часовно испрашување полицијата решава да го уапси Пејтон, под сомнение дека помагал терористички акти. На Исисовци ТОЈ им праќал инструкции за правење бомби!
Препорачаната кауција за дело од "класата Ц" со која се соочувал Пејтон е меѓу 2.500 и 15.000 долари.
Судијата му одредува кауција од еден милион долари.
Целата приказна ја имате тука.