Во рускиот документ се споменува наводен меил во кој тогашната главна јавна обвинителка Лорета Линч приватно уверува некого од кампањата на Клинтон дека истрагата околу мејлот нема да навлегува премногу длабоко. Во текстот во Атлантик се објаснува дека ако ова тврдење е точно "тоа би го поткопало интегритетот на истрагата на ФБИ".
Според сегашни и поранешни функционери, Коми се потпира токму на овој руски документ кога во јули решава сам да објави, без вмешаност на министерството за правда, дека истрагата е завршена.
"Ова јавно соопштение започна синџир настани и други потези на ФБИ за кои демократите сега тврдат дека му помогнале на Трамп во освојување на претседателските избори," се објаснува во текстот на Атлантик.
Документот до кој доаѓа ФБИ е наводна анализа на руските разузнавачки служби, и во него се наведува меил напишан и испратен од тогашната претседателка на Демократската партија, Деби Васерман Шулц, до Леонард Бенардо, претставник на Отворената фондација на Сорос.
Во рускиот документ немало копија од мејлот, туку само бил опишани дел од содржината во пораката, односно дека Шулц тврди дека Линч имала приватна комуникација со човек од кампањата на Хилари, Аманда Рентериа, на која и кажала дека таа не би дозволила истрагата на ФБИ да оди премногу длабоко.
ФБИ преку истиот извор од кој го добива документот се обидува да стигне и до мејлот за кој што се зборува во него, ама не успешно.
Меѓутоа според проценка на ФБИ, документот содржел неточни разузнавачки информации, а според луѓето запознаени со неговата содржина, дури можно е и дел од нив да се лажирани со цел да го збунат бирото. Американците наведени во документот сето ова време негираат дека воопшто се познаваат, а не па дека некогаш комуницирале.
Одлуката на Коми на 5-ти јули сам да објави крај на истрагата без да ја информира Линч, следува по информацијата дека Линч само неколку дена претходно приватно се сретнала со Бил Клинтон на аеродромот во Феникс.