48-те прашања на ФБИ

Изминатите година и пол ФБИ користи тест од 48 прашања за да утврди дали некој е терорист и колкава е веројатноста дека тој ќе изврши напад, сето тоа им е фино спакувано во анкета под назив "Индикатори за мобилизација до насилство".

Интерсепт стига до копија од инаку тајниот документ на ФБИ, кој го пополнуваат нивните агенти во врска со осомничените за тероризам што се дел од истрага.

Дел од прашањата имаат очигледна употребна вредност за истрагата: дали некој има пристап до оружје, дали бил обучуван или се борел во странство, дали се обидел да дојде до материјали за правење бомба. Меѓутоа дел се многу посекојдневни и сеприсутни: дали користи енкрипција при сурфање на интернет, дали покажал интерес околу претходните бомбашки напади, или "дали учествува во активности кои симулираат воена околина" на пример пеинтбол или кампување.

Според документот, списокот прв пат се појавува во есента 2015. Иако прашањата треба да бидат универзални, тие "содржат неколку референци на исламската терминологија и изгледаат фокусирани на муслиманскиот тероризам."

Врз основа на одговорите што се добиени од анкетата осомничените се рангираат од 0 до 100, што е показател за "нивото на мобилизација на субјектот или веројатноста да извршат напад" и "нивото на радикализација на субјектот или внатрешна посветеност кон насилна идеологија". Во самата анкета неколку пати е нагласено дека "високите резултати не се убедлив доказ дека субјектот ќе преземе насилни постапки" и дека тие треба да се користат само за споредба.

Од ФБИ само изјавиле дека анкетите се само еден дел од внатрешниот процес за проценка на осомничените.

Прашањата се:
 

 

14 февруари 2017 - 13:48