Против Пол Манафорт и неговиот бизнис партнер Рик Гејтс се подигнати федерални обвинија како резултат на тајната „руска“ истрага на специјалниот обвинител Боб Милер. Против нив се подигнати 12 обвиненија меѓу кои најсериозно е она за заговор против државата а во купчето има и перење пари, лажење на органите, нерегистрирани дејности за други држави и друго.
Ова е само првиот пакет резултати на истрагата на Милер и иако тие експлицитно не го поврзуваат Трамп со сомнителните врски со Русија, сепак е знак дека истрагата оди во насока да му се приближува на Трамп и неговите најблиски соработници. Трамп засега мирен, неговото објаснување е дека се работи за лов на вештерки без никаква основа.
Манафорт ретроактивно се пријави во американскиот департмент за правда како агент на странска држава, за украинска политичка партија. Притоа обелодени дека неговата консултантска фирма во периодот 2012-2014 за тие услуги добила 17,1 милион долари од партијата на тогаш протераниот про-руски екс претседател на Украина, Виктор Јанукович.
Како течеше случајот:
2006
Манафорт работи за рускиот олигарх со блиски врски со Путин, Олег Дерипаска, за хонорар од 10 милиони долари годишно. Во тоа време бива ангажиран и од украинската партија.
2014
ФБИ започнува истрага околу неговите консултантски услуги во Украина. Набавува и налог за негово прислушување но истрагата се прекинува на почетокот на 2016.
2016
28 март: Манафорт се вклучува во кампањата на Трамп.
Пролетта 2016: Отворена е нова истрага на ФБИ за бизнис релациите со странски држави, Русија и Украина.
19 мај: Манафорт е промовиран за шеф на изборната кампања на Трамп.
9 јуни: Манафорт во Трамп тауер присуствува на средбата на јуниорот Доналд Трамп со Руси очекувајќи да му бидат дадени прљавштини за Хилари кои ќе помогнат во кампањата. Веста за оваа средба се обелоденува во јули следната година.
7 јули: Манафорт праќа меил до соработник на Дерипаска, да го праша шефот дали би сакал приватен брифинг за тоа како се одвива кампањата.
12 август: Украинската партија на регионите му префрлува на Манафорт 12, 7 милиони долари.
19 август: Манафорт ја напушта кампањата откако Џеред Кушнер му вика дека ако не даде сам отказ, ќе биде набркан.
Крајот на 2016: ФБИ го обновува прислушувањето на Манафорт.
8 ноември: Трамп станува претседател.
2017
17 мај: Роберт Милер е назначен за специјален обвинител за руската истрага, осум дека откако Трамп го тргна Џејмс Коуми од директорското место на ФБИ.
Мај: Дерипаска нуди целосна соработка со конгресната истрага ако добие комплетен имунитет. Американците ја одбиваат понудата.
27 јуни: Манафорт се регистрира како странски агент.
25 јули: Манафорт во тајност сведочи зад Комитетот за разузнавање на Сенатот и ги предава своите белешки од средбата на Трамп јуниор. Сенатот се откажува од отворање случај откако Манафорт се обврзува дека ќе му предава документи на Комиетот.
26 јули: ФБИ упаѓа во домот на Манафорт во Вирџинија. По претресот му најавуваат дека ќе бидат подигнати обвинија.
15 септември: Пред федерална порота сведочи и портпаролот на Манафорт, Џејсон Малони.
26 септември: Излегува информација дека обвиненија ќе има и против адвокатите нас Манафорт.
30 октомври: Манафорт добива налог да им се предаде на властите. Подигнати се обвиненија, тој и Гејтс се во домашен притвор.
*****
Колку и да изгледа сериозно овој случај со Манафорт, Сиенен се надева дека за Трамп многу понезгодно ќе биде признавањето на вината на Џорџ Пападопулос.